Случајот Михаилова оди во НАТО: Мицкоски ја обвинува Софија, а МВР сè уште не објаснило како таа ја премина границата
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
17.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Новиот објект на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во скопската населба Ченто, во општина Гази Баба, е пуштен во употреба. Зградата е на два спрата, има 30 училници и кабинети на површина од 3.128 квадратни метри, приспособена е за ученици со попреченост, а инвестицијата изнесува 170 милиони денари. Според градоначалникот Бобан Стефковски, капацитетот е за 713 ученици.
Новото училиште ги заменува објектите во кои наставата со децении се одвиваше во бараки. „До пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето. Министерката за образование Весна Јаневска порача: „Дојде моментот бараките зад нас да заминат во историјата.“
Половина век бараки во главниот град е податок што не смее да се изгуби во аплаузот. Привремените објекти во Ченто траеле подолго од работниот век на повеќето наставници што предавале во нив. Новата зграда е добредојдена, но и потсетник колку долго власт по власт тоа го сметала за нормално.
Мицкоски отворањето го искористи и за поширока порака: Владата, вели, работи на повеќе од 1.200 проекти заедно со општините, финансирани преку пренос на средства од централниот буџет. Јаневска наведе дека за две години се реализираат 90 проекти во вредност од 70 милиони евра, половина преку Министерството за образование и наука, а половина преку владиниот повик за капитални проекти на општините.
Училиштето сепак не е сосема готово. Самиот премиер наброи што останува: „на пролет да зазелени, оградата да се смени, можеби паркингот за вработените“. Отворањето доаѓа во учебна година што почна со околу 238.000 ученици, а бројот на паралелки е помал за 433, додека за повеќе рурални училишта е најавено затворање поради недостиг од ученици. Ченто доби модерни училници. Дали државата има план и за местата каде што наскоро нема да има кој да седне во нив?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Золадекс пак го нема, Phesgo задоцни, а пациентки со рак на дојка заминаа дома без терапија. Клиниката упатува на дистрибуцијата,...
Договорот од 10 милиони евра имал рок од 36 месеци, подолг од ветувањето на градоначалникот. Скопје е без забавен парк...
Октомвриските пресметки се понеповолни од септемвриските, особено за јужна Европа и Балканот. Тоа не значи зима без снег, туку зима...
Реконструирани локални патишта, нови паркинзи и 650.000 денари помалку за надворешен адвокат. Најголемата бројка во отчетот, пак, сè уште е...
Градоначалникот вели дека работите одат пред рокот и дека над 100.000 граѓани ќе добијат модерен булевар. Проверката доаѓа во јануари,...
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.