Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во Италија постои регион што го викаат „регионот на стоте театри“. Тоа е Марке, во средишниот дел на јадранскиот брег. Ова лето, на седницата во Пусан, во Јужна Кореја, УНЕСКО го стави на Листата на светско наследство системот од десет историски театри од 18 и 19 век во средна Италија – осум од нив се токму во Марке.
Приказната за овие сали не е приказна за кнезови и кардинали. Театрите се граделе со помош на самите жители. Семејствата можеле да купат ложа, да станат сосопственици на дел од салата и потоа да ја остават на децата, како стан или нива. Одењето на театар било општествен настан: таму се одело за да те видат, а најинтересното не секогаш се случувало на сцената. Замислете ложа во тапијата, покрај куќата и лозјето – и долгите семејни расправии кој ќе ја наследи.
Осумте театри во Марке се расфрлани низ мали градови со свој карактер. Teatro Giovanni Battista Pergolesi во Јези го носи името на композиторот, кој е роден таму. Teatro Ventidio Basso е во Асколи Пичено, Teatro Serpente Aureo во Офида, град познат по чипката плетена на калеми, а Teatro dell’Aquila во Фермо има пет реда ложи околу сцената. Следуваат Teatro Lauro Rossi во Мачерата, Teatro Feronia во Сан Северино Марке, Teatro Gentile во Фабријано, град со векови поврзан со производството на хартија, и Teatro Bramante во Урбанија, позната по керамиката.
Другите две сали од системот се надвор од регионот: Teatro Comunale во Имола, во Емилија-Ромања, и Teatro Sociale во Амелија, во Умбрија. Сите и денес работат – опера, концерти, претстави и фестивали. Не се музеи со јаже пред влезот, туку живи сали.
Ако планирате пат, Јези е природен почеток. Асколи Пичено нуди плоштади и фасади од травертин, Фермо стар град што вреди да се прошета полека, а Мачерата еден од најстарите универзитети во светот и астрономски часовник на Градската кула. Блиску е и Урбино, ренесансниот град што исто така е под заштита на УНЕСКО, како и Реканати, родното место на поетот Џакомо Леопарди.
Регионот не е само сцена. Ривиерата Конеро има бели карпи и скриени заливи, меѓу кои и плажата Due Sorelle, а во пештерите Фрасаси, во салата наречена Бездната Анкона, наводно би можела да се смести целата миланска катедрала. Марке е доказ дека наследството не мора да биде палата на владетел – понекогаш тоа е ложа што едно семејство ја платило и ја чувало со генерации.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Во Кенија жирафите доаѓаат на појадок, во Кина хотелот е вкопан во каменолом длабок 88 метри, а во Занзибар спиеш...
Час и половина од Ољантајтамбо до Агуас Калиентес, врвови над 4.000 метри и вагон за само осум патници. Најубавото патување...
Фасади во зелено и бело, шест стари порти и зоци со зачини: некогашната престолнина на шпанскиот протекторат е Мароко без...
Изграден е во 1963 година за да носи залихи до најосамените шкотски светилници. Денес на него се пие чај сервиран...
Град што Втората светска војна го претвори во урнатини, денес ја продава својата барокна раскош и штолен - на 5...
Островот Поилао е свет и забранет за самиот народ Бижагош - и токму затоа желките таму сè уште се враќаат....
Шпанскиот актер Дани Ровира ги нарече „убаво, диво и прочистувачко место“. Пред да тргнеш, добро е да знаеш дека се...
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.