Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, слепите и слабовидните лица дојдоа во Собранието и ја кажаа најапсурдната реченица на годината: на Денот на белиот стап, самиот бел стап не им е достапен. „Ние имаме по закон стапче, ама да го набавиме во Македонија. Во Македонија го нема“, рекоа Весна и Зоран, брачен пар кој три децении живее без вид.
А државата не знае ни колку луѓе всушност чекаат на тоа стапче. Се проценува дека во Македонија има меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни лица – распон од цели шест илјади луѓе, затоа што државен регистар сѐ уште не е воспоставен. Над 2.500 се членови на Националниот сојуз на слепи лица, кој работи преку 18 локални здруженија. Остатокот, практично, не постои на хартија.
Комисија секоја година, за слепило што не поминува
Списокот проблеми што беше изнесен пред пратениците е долг и конкретен. Недостигаат тактилни патеки и функционални звучни семафори, а тротоарите се узурпирани од автомобили. Лицата со трајно слепило секоја година повторно излегуваат пред комисија за да го продолжат правото на туѓа нега, а покрај специјалистичкиот наод од нив се бара и Бартелов индекс, за кој, според нив, плаќаат околу 570 денари. Како слепилото да може да помине до следната година.
Личната асистенција е посебна приказна. Весна досега сменила шест лични асистенти, бидејќи, како што вели, тие немаат регулиран работен статус, здравствено осигурување и пензиски стаж. Асистентот заминува, а слепото лице останува без поддршката на која штотуку се навикнало. Во Кичево, пак, здружението на слепи лица од 2019 година нема простор каде да се собира, а еден од членовите вели дека слепо лице добива 10.000 денари месечно – сума што, според него, не ги покрива ни сметките за струја и вода.
Барањата се конкретни, а од надлежните – општи фрази
Слепите лица бараат Фондот за здравствено осигурување да го поедностави пристапот до белиот стап и другите помагала, враќање на правото на придружник при болничко лекување и рехабилитација, враќање на повластениот превоз, разграничување на личната асистенција и подобар додаток за попреченост. Бараат и ратификација на Маракешкиот договор, кој го олеснува пристапот до книги во формати достапни за лица со оштетен вид, и дигитална пристапност што ќе биде „правило, а не исклучок“ – бидејќи голем дел од јавните дигитални платформи сѐ уште не ги исполнуваат стандардите.
Пратеникот Никола Мицевски, претседавач на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, порача дека пристапноста „не е дополнителна поволност или луксуз, туку основен предуслов“ за човековите права. Од надлежните пак стигна познатото „се вложуваат напори“. Убаво звучи. Но кога државата не може да обезбеди ни стап што ѝ го должи на слепиот човек по закон, колку време ќе треба за звучни семафори, тактилни патеки и регистар?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Градот плаќа, Општината подготвува проект, „Улици и патишта“ ќе бојадисува. Само жителите не знаат колку ќе плаќаат за да паркираат...
Општината се фали со мапа на потенцијали и меморандум за Жабени. Граѓанските организации потсетија дека работниците во регионите што живеат...
Везировски е осомничен дека влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети. На неговото место доаѓа човекот што во...
Битола и Карпош објавија субвенции за оџаци, но ниту една бројка колку пари има во касата. „Прв дојден, прв услужен“...
Над 100 милиони денари проекти, нов урбанистички план и отплатен долг - отчет за општината, прочитан пред позадина на ВМРО-ДПМНЕ....
Двата пасоша одземени, потерница распишана, притвор одреден - а нема легален излез во евиденцијата. Софија се повикува на Уставот, Скопје...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.