Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Уште една посета на висок европски функционер, уште еднаш истата приказна со малку поинаков фустан. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски – и речиси никој не очекува драматичен пресврт. Кошта останува на познатата позиција: Македонија да ги исполни обврските од преговарачката рамка од 2022, што подразбира и внесување на Бугарите во Уставот.
Дека Кошта нема да отстапи од таа позиција е речиси извесно – тоа би значело доведување во прашање на веќе усвоени одлуки на Европскиот совет. Но политичката реалност не е иста како пред неколку години. Во меѓувреме Македонија продолжи со реформи, доби позитивни оценки во делови од европската агенда и пристап до нови фондови, додека самата ЕУ се соочи со геополитички предизвици што ја вратија политиката на проширување на дневен ред.
Војната во Украина, засиленото руско влијание на делови од Балканот, кинеското економско присуство – сето тоа го врати Западен Балкан високо на агендата на Брисел. И токму тука прашањето за кредибилитетот на ЕУ станува клучно. Сè почесто во европските кругови се слуша дека Унијата мора да покаже оти ги исполнува сопствените ветувања кон кандидатите.
Владата во изминатиот период инсистира дебатата да не се сведува само на тоа дали ќе има уставни измени, туку да се отвори и прашањето за гаранции. Суштината, од нејзин аспект, не е само да се исполни една обврска – туку да се добие уверување дека по неа нема да следат нови барања и нови блокади. А тоа прашање има тежина што секој Македонец ја разбира.
Затоа што по Преспанскиот договор, промената на името и низата отстапки, кај голем дел од јавноста постои основан сомнеж: дали секоја следна концесија навистина приближува членство, или само отвора простор за наредниот услов? Историјата на последната деценија дава непријатен одговор – секоја отстапка беше испратена како „последна”, и по секоја следеше нова.
Реално, ЕУ нема правен механизам однапред да гарантира како ќе се однесува некоја земја членка во иднина. Ниту Кошта може сам да понуди таква гаранција. Но може политички да испрати порака дека нема простор за нови условувања надвор од рамката. Дали ќе ја испрати таа порака, или ќе остане на стандардното „исполнете ги обврските” – тоа е единственото нешто вредно да се следи од оваа посета. Сè друго веќе го знаеме напамет.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од 340 милиони денари, само 40 се приватни - остатокот е од „Државна лотарија“. Обвинителството уште анализира, а отворениот предмет...
Државниот завод за ревизија веќе предупреди дека необјавувањето бодови овозможува фаворизирање. Правилникот што го бара нивното објавување е потпишан од...
Двајца високи функционери најавија напредок, двете најголеми партии го демантираа во ист ден. Измените стојат блокирани со 13.500 амандмани.
МВР реагираше по допрен глас, без премиерот воопшто да пријави. Истиот механизам постои за секој граѓанин - прашањето е зошто...
Изборниот законик е единствената неисполнета реформска обврска, а работната група не знае ни кога ќе седне. Интуицијата не е ни...
Требаше да чини „нула денари“. Сега опозицијата бара истрага, а хронологијата со најавата на Дејвид Гета три дена по затворањето...
Пет негации во една реченица, раст на пензиите „16 пати поголем“ без ниту еден податок покрај него, и трета година...
Едните чекаат допис, вторите чекаат друга комисија, третите чекаат согласност. Во истите девет месеци Врховниот суд укина една пресуда, а...
Претседателот на комисијата вели дека таа само проверувала дали документите се комплетни. Јавниот повик вели нешто сосема друго - а...
Тројца кандидати, двајца правници, еден од нив вработен во општината за која се кандидира. Реченицата за „обединување на прогресивните сили“...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.