Педесет милиони евра паднаа на еден електронски потпис: зошто Скопје се топи во автобуси без клима
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
09.06.2026
07.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
09.06.2026
08.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
10.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
09.06.2026
22.05.2026
19.05.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Apple им испрати недвосмислена порака на девелоперите: место на App Store повеќе не се добива засекогаш. Во освежените правила за рецензија на апликации, компанијата предупредува дека апликации од „добро етаблирани категории” може да бидат отстранети ако не се „ажурирани, подобрени или не привлекуваат корисници”.
Досега правилата само одбиваа нови копии – со легендарната формулација дека App Store „има доволно апликации за прдење, подригнување, батериски ламби, гатање, состаноци, игри со пиење и Кама Сутра”. Новата верзија оди чекор подалеку: на списокот сега се и тапетите, едноставните тајмери и звучните ефекти, а девелоперите се предупредени да не прават „опортунистички варијанти на постојни категории или популарни апликации”. Нова апликација од тие категории ќе помине само ако нуди „суштински поинакво или подобрено” искуство.
Времето на објавата не е случајно. На WWDC компанијата претстави персонализирани препораки и алатки за промоција – а препораките вредат повеќе ако ѓубрето е исчистено. Помалку мртви апликации значи поголема видливост за квалитетните. Логично. Но вреди да се каже и другата половина: Apple е единствената врата кон iPhone корисниците, и таа врата сега може да се затвори и за апликација што некогаш била уредно одобрена. Кој дефинира што значи „не привлекува корисници”? Apple. Кој нема жалбена инстанца? Девелоперот.
Компанијата тврди дека постојниот процес за подобрување на App Store ги известува девелоперите кога апликацијата им е застарена или потфрла, па имаат шанса да ја поправат пред да летне. А оние што упорно праќаат „нискоквалитетни” и „мрзеливи” апликации ризикуваат да го изгубат пристапот до целата девелоперска програма. Прочистен излог, поцврста рака – се менува излогот, но газдата на дуќанот останува ист.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Прв западен производител на автомобили со натриум-јонски ќелии - и договор со кој старите батерии од возила напојуваат дата центри....
Сите гиганти одеднаш ја открија Индија - Microsoft, Amazon, Google, OpenAI. Случајност? Њу Делхи нуди четврт век без данок, а...
Местото каде Apple потроши милијарди и на крај се откажа од Project Titan сега го презема оној што успеа во...
Административна процедура што е всушност уште еден фронт во технолошката војна меѓу Вашингтон и Пекинг. Кинеските гиганти најавуваат правни чекори...
Една недела по Anthropic, и компанијата зад ChatGPT поднесе документи за излез на берза. Трката за најголемиот ВИ-гигант се сели...
Форк на руски софтвер, исчистен од сопственикот. А каде сме ние, кои институциите ги полниме со туѓи лиценци без контрола?
Uber го потроши целиот годишен буџет до април, една фирма натрупа 500 милиони. Еуфоријата трчај-побрзо стана ставете-кочници.
56.000 упади, 18 земји, предупредување од Five Eyes - и шест години молчење. Што кажува тоа за оние што наплаќаат...
Apple конечно ѝ дава на Siri тоа што ChatGPT го има со години - но моторот е Gemini. Кој навистина...
Нова хемија на батерии и 150 милиони процесорски часови симулации - GM се обложува на евтина батерија за да го...