Три од четири сензори не работеле: жичницата на Водно петнаесет години без вистински сервис
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
17.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Постојат јадења што се родиле од нужда, а останале затоа што се вкусни. Мармитако е токму такво – баскиски рибарски манџа што настанала на бродовите, кога рибарите од Кантабрискиот залив требале нешто едноставно, силно и топло за долгите денови на море. Името доаѓа од „мармита”, баскискиот збор за тенџере. Во него се спојуваат туна, компири и зеленчук во едно – наизглед обично, а всушност прецизно.
За четири порции треба околу 400 грама туна без кожа и коски, екстра девствено маслиново масло, една црвена и две зелени пиперки на коцки, кромид, три чешниња лук, пет поголеми компири, лажица пулпа од сува пиперка (choricero), една чаша доматно сосе, парче леб, малку лута пиперка, лажичка димена пиперка, голтка бело вино, литар рибина супа и магдонос.
Тајната не е во состојката, туку во еден потег. Компирите не се сечат – се кршат со нож, за да испуштат повеќе скроб што подоцна ја згуснува супата природно, без додатоци. Прво се пропржуваат лукот, кромидот и пиперките десетина минути, се додаваат скршените компири уште четири-пет, па доматот, пиперките, лебот и лутото. Се влева виното да испари алкохолот, потоа супата, и сето тоа крчка околу 30 минути додека компирот не омекне.
Туната оди последна, и тука е вториот клуч. Се сече на коцки од околу 4 сантиметри, кратко се запржува одвоено така што однадвор фаќа боја, а внатре останува речиси сурова, и се додава во тенџерето само три до четири минути пред крајот. Ако ја варите долго, ќе ви се исуши – туната во мармитако се топи в уста само ако ја почитувате. Едноставно јадење што бара малку трпение и една техника – токму како што добрата манџа и треба да биде.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Домашното пиле со кари пропаѓа на истото место кај сите. Разликата ја прави еден чекор што нема никаква врска со...
Хозе Андрес живее во Америка над триесет години и кога го прашаа за омилено американско јадење не рече ниту бургер...
Килограм тиквички, нане, лук и осумдесет милилитри оцет. Ниту една скапа состојка - а водата што не ја извадите ви...
Кој ги мател сите јајца заедно, добил друга торта. А глазурата не смее да мине 45 степени, инаку сјајот исчезнува...
Едно правило важи за сите три и најчесто се прескокнува. Не е препорака за трпение, туку физика.
Меѓу мелиџаносалата и мутабал стои една единствена состојка - тахини. Три патлиџана, едно зрно лук, и рерна на 220 степени.
Пилешкото на крајот и онака оди во тава. Салатата што стоела половина метар подалеку - не.
Оваа година сезоната почна уште во август поради жештините. Од појадок до пица - каде сè оди смоквата и зошто...
Не е рецептот тежок, туку температурата погрешна. Десет мезиња со крем сирење и двете правила без кои ниту едно од...
Претставата за варено пилешко гради е погрешна. Каприцот се планира, не се прекршува.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.