Судење за „Лотарија“: 231 доказ, а досега ниту една порака меѓу Груби и Бајрами
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Улицата „Фаик Коница“ во населбата Дижон, Општина Чаир, доби нова водоводна и нова канализациска мрежа. Проектот е завршен, а извршено е и асфалтирање. Толку е неспорниот дел.
Од таму почнуваат две различни приказни за истата улица.
Верзија прва: министерска
Според соопштението, проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, во вредност од 6,9 милиони денари, и е дел од тековните активности за целосна реконструкција на комуналната инфраструктура на Дижонска – водоводната, канализациската и атмосферската мрежа.
„Обезбедувањето модерна и сигурна комунална инфраструктура е една од клучните цели на Министерството за животна средина и просторно планирање. Овие проекти се основа за зелен пресврт, бидејќи со нив решаваме долгогодишни проблеми, создаваме подобри услови за живот и градиме системи што одговараат на потребите на граѓаните“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа.
Верзија втора: градоначалничка
Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити го објави завршувањето на истиот проект со сосема друг акцент.
„Целосно е завршена реконструкцијата на водоводната и фекалната канализациска мрежа. Извршено е и асфалтирањето на улицата. Секое ветување го исполнуваме. Секој проект го реализираме!“, изјави Меџити.
Во таа изјава нема ниту министерство, ниту 6,9 милиони денари, ниту чиј е буџетот. Има „ние“ и има ветување. Во министерската изјава, обратно, нема општина – има само министерство кое „решава долгогодишни проблеми“.
Едно е сигурно: улицата навистина беше во таа состојба
Дижон е населба во која „долгогодишен проблем“ не е фраза за соопштение. Улицата „Фаик Коница“ до неодамна беше поранешна „Дижонска 15“ – без фекална канализација. Тоа е 2026 година, во општина која е дел од главниот град.
Затоа овој проект е добра вест и не треба да се омаловажува. Но политичкото прашање не е дали е добар. Прашањето е зошто едно вложување од 6,9 милиони денари – сума што за буџет на градска инфраструктура не е голема – добива две конкурентни соопштенија, а населбите што чекаат ред за следната улица немаат ниту едно.
Општина Чаир останува посветена на реализација на развојни проекти „во секое маало“, се вели во соопштението. Министерството продолжува со поддршка на општините преку проекти во водоснабдувањето и отпадните води. Двете формулации се точни. Ниту едната не кажува кое е следното маало и кога.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Квадратите и паркинг местата се објавени до последното. Колку луѓе ќе се вработат и колку чини инвестицијата - на свеченоста...
Градоначалниците нудеа „поволна деловна клима“ и суровини. Единственото конкретно нешто од средбите е програма за мали грантови за невладини организации.
Се најавуваат проверки на домашна адреса со полиција како партнер, а министерот за здравство признава дека контролата на движењето на...
Градот најави 24-часовен видеонадзор против диви депонии и вандали, а камерите сè уште не се ни купени. Во Центар, одлуката...
Жителите бараат сервис на возилата, претпријатието бара подобро пакување. Во меѓувреме, за една недела се расчистени 650 кубни метри диви...
Според ЦУК, горел магацин за бои и лакови. Тоа објаснува зошто чадот беше црн, но не и кој го користел...
Синдикатот тврди дека вработените со години трпат навреди и закани од претседателката. Таа тврди дека се работи за дисциплинска постапка....
Државната ревизија најде систем што реагира добро и планира лошо. Реформите беа побарани со скринингот на ЕУ во 2018 -...
За да се казни прегласен локал, граѓанинот мора да поднесе пријава во Архивата. Архивата не работи за викенд. Од јануари...
Во Црна Гора истиот прекршок чини до 2.000 евра. Но проблемот не е само глобата: комуналните редари на Скопје составиле...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.