„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Џеф Дин работеше во Google од 1999 година. Беше триесеттиот вработен во компанијата, во време кога Google сè уште беше просторија со сервери и амбиција. Изгради дел од инфраструктурата на пребарувањето – системот за индексирање, системот што одговара на вашето прашање – и подоцна ја водеше раната истражувачка работа на компанијата во вештачката интелигенција. Дваесет и седум години подоцна, си заминува.
И не си заминува сам. Со него излегуваат Сенџеј Гемават, еден од највисоко рангираните инженери во компанијата, Квок Ле, основачки член на Google Brain, и Ориол Вињалс, висок истражувач во Google DeepMind. Четворица луѓе кои заедно го напишаа значителен дел од она што денес го нарекуваме модерна вештачка интелигенција. Новата фирма се вика Discovery Loop, Дин ќе биде извршен директор.
Идејата: наместо вештачката интелигенција да одговара на прашања, да почне сама да прави откритија. Компанијата вели дека ќе користи алгоритми кои покренуваат и повторуваат илјадници експерименти истовремено, со цел процесот на научно истражување делумно да се автоматизира. Во соопштението стои дека напредокот досега зависел од „бавни, последователни човечки повторувања, што создава значително тесно грло”.
Има и втор дел кој се спомнува потивко. Discovery Loop е заинтересирана и за користење на вештачка интелигенција за создавање помоќна вештачка интелигенција – процес познат како рекурзивно самоподобрување, кој човекот целосно го отстранува од циклусот. Тоа е реченица која во едно соопштение за печат поминува како техничка забелешка, а во кој било друг контекст би била насловна вест.
Сега делот што вреди да се погледне двапати: кој ги дава парите. Првиот круг на финансирање го водат Radical Ventures и Khosla Ventures, а во него влегуваат Kleiner Perkins, Lightspeed и Doerr Capital. Меѓу поддржувачите е и Alphabet – матичната компанија на Google. Значи, четворица од најдобрите луѓе на Google ја напуштаат Google, а Google им помага да ја финансираат фирмата во која заминуваат.
Тоа не е загуба на кадар. Тоа е распределба на ризик. Ако Discovery Loop успее, Alphabet има удел. Ако не успее, четворицата истражувачи го изгореа своето, не нејзиното. Големите компании одамна научија дека е поевтино да финансираш нечиј потфат отколку да го задржиш човекот внатре и да му дадеш буџет.
Дин му рече на New York Times дека постои можност машината да го преземе она што досега било „многу интензивен човечки експериментален циклус” и дека ќе се добијат „и поголема количина и повисок квалитет на експерименти”. Можеби е точно. Науката навистина е бавна, а бавноста навистина чини.
Но вреди да се забележи што точно се ветува. Не подобар инструмент за научниците – побрзо откривање без нив. Ако тоа функционира, се менува кој ја поседува научната работа: не универзитетот, не лабораторијата, туку оној што ги плаќа серверите. А серверите не се евтини, и не се на Балканот.
Дали ова ќе стигне до нас? Секако – како готов производ, како претплата, како нешто што се купува откако веќе е направено на друго место. Прашањето кое ретко го поставуваме е дали некогаш ќе бидеме на страната што го прави, а не само на страната што плаќа за да го користи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.