Одбраната за „Пулс“ повика 244 сведоци, а на газдата на дискотеката во сабота му истекува притворот
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
29.09.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
29.09.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Американската сојузна држава Тенеси во средата требаше да ја погуби 50-годишната Криста Гејл Пајк. Наместо тоа, по две дози пентобарбитал – лекот што Тенеси го користи за смртоносни инјекции – осудената остана жива и со возило на брза помош беше пренесена од затворот во болница. Нејзината здравствена состојба засега не е позната.
Новинарите што беа сведоци опишуваат сцена што тешко се заборава. Пајк била врзана за креветот во комората за погубување. Во еден момент ја кренала главата и го прашала затворскиот персонал дали раката треба вака да ја чувствува. Втората доза била дадена до 20:26 по локално време, а зад затворената завеса потоа се слушало како гласно рчи. Микрофонот бил исклучен во 20:53, а новинарите биле замолени да излезат. Затворските функционери во тој момент не можеле да објаснат што се случило.
Според Death Penalty Information Center, американска организација што ја следи смртната казна, досега имало случаи кога погубувањето не можело да се изврши поради проблеми со наоѓање вена. Но не е познат ниту еден претходен случај осуденик да останал жив откако веќе му биле дадени лековите за погубување.
И тоа не е првпат оваа година. Во мај Тенеси се откажа од погубувањето на Тони Карутерс, откако извршителите повеќе од еден час не успеале да постават интравенска линија. Државата што бара право да одзема живот оваа година двапати покажа дека не ја совладува ни сопствената процедура. Ако системот не знае да постави игла, колку е сигурен во сè друго што го прави на патот до таа соба?
Злосторството
Пајк имала 18 години кога, во јануари 1995 година во Ноксвил, заедно со своето 17-годишно момче Тадарил Шип и уште една девојка ја намамила 19-годишната Колин Слемер во шумска област. Таму Слемер била претепана и избодена, а на нејзиното тело бил изрежан пентаграм. Обвинителите тврдеа дека Пајк ја сметала Слемер за ривалка поради момчето. Пајк доби смртна казна, а Шип доживотен затвор со можност за условно ослободување. Последниве години Пајк не порекнуваше дека го извршила убиството.
Нејзините адвокати со години се обидуваа казната да ѝ биде преиначена во доживотен затвор без можност за излегување, повикувајќи се на нејзината возраст во времето на злосторството, тешкото детство, сексуалното злоставување и дијагнозите за биполарно растројство и посттрауматско стресно растројство. Гувернерот Бил Ли го одби барањето за помилување. Федералниот апелационен суд го запре погубувањето околу час пред закажаниот термин, но Врховниот суд на САД, со гласовите на конзервативното мнозинство од 6 спрема 3, го укина одлагањето истиот ден.
Сега адвокатите бараат од судовите постапката веднаш да се прекине и Пајк да добие медицинска помош. Да успеело погубувањето, таа ќе беше првата жена што Тенеси ја погубил во повеќе од 200 години. Македонија ова прашање го затвори уште со Уставот од 1991 година. Во Тенеси тоа е отворено и денеска: ако државата не умее да погуби ни според сопствените правила, на што уште се потпира смртната казна?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Лет од Дубаи со 174 луѓе, нож во пилотската кабина и авион што нагло губи висина. Понирањето го запре водоинсталатер...
Лицето на ученикот мора да се гледа - од денеска тоа е правило во секое италијанско училиште. Од 2027 доаѓа...
Руските дисиденти како разменска монета, а на другата страна нафта, минерали и можеби Нобелова награда. Звучи како хуманитарна размена -...
Родено во 26-тата недела, со оштетен мозок, епилепсија и церебрална парализа - и без никаков напредок. Холандија го постави најтешкото...
Роденденска честитка за покојниот Берлускони, претворена во предупредување дека светот е најблиску до нов голем судир од 1945 година. Балканот...
Обвинителството тврди дека фрлил туѓ телефон во Дунав, а тој самиот побара да остане без заштита. Колку премиери на Балканот...
Најмладиот крал на светот почина на 34 години и остави наследник на хартија. Кланот одлучи поинаку, па кралство без никаква...
Сеул тврди дека постоел договор за молчење, Киев вели дека не постоел. Меѓу нив се двајца заробени војници и нивните...
Нобеловката не може да стигне дома, а нејзините приврзаници со конвои бараат датум за избори. Мадуро го нема, но неговата...
Две од трите запаливи направи се запалија, а германските служби во истрагите за саботажи низ Европа проверуваат траги и до...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.