Одбраната за „Пулс“ повика 244 сведоци, а на газдата на дискотеката во сабота му истекува притворот
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
29.09.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
29.09.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
01.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
01.10.2026
01.10.2026
30.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пет големи европски платни системи – италијанскиот Bancomat, шпанскиот Bizum, европскиот конзорциум EPI Company/Wero, португалскиот SIBS-MB WAY и скандинавскиот Vipps MobilePay – официјално ја лансираа Европската мрежа за плаќања (EPN). Седиштето ќе ѝ биде во Мадрид, а целта е кажана без многу дипломатија: од 2027 година да стане европска алтернатива на американските гиганти Visa и Mastercard.
Овие системи заедно опслужуваат околу 130 милиони корисници во 13 европски земји, што е повеќе од 70 отсто од населението на ЕУ и Норвешка. EPN ќе управува со заеднички центар за интероперабилност, преку кој националните системи, кои сега работат секој за себе, ќе можат да комуницираат меѓусебно. Корисник од една земја ќе може да плати во друга преку својот постоечки систем, без трансакцијата нужно да минува низ инфраструктурата на американските компании.
Во првата фаза мрежата ќе ги покрива прекуграничните плаќања меѓу граѓани, потоа е-трговијата и плаќањата во продавниците, со инстант трансфери директно од сметка на сметка. Зад конзорциумот EPI Company/Wero стојат банкарски тешкаши како BNP Paribas, Crédit Agricole, Société Générale, Deutsche Bank, Sparkassen-Finanzgruppe, Erste Bank Österreich и Raiffeisen Bank International. Компаниите најавија дека во мрежата подоцна би можеле да се приклучат и други европски платни системи.
Мотивот не е технолошки, туку политички. Visa и Mastercard денес обработуваат речиси две третини од плаќањата со картички во Европа, а европските институции сѐ почесто зборуваат за „платежен суверенитет“ – идејата дека геополитичките тензии би можеле да го загрозат пристапот до американската финансиска инфраструктура. Паралелно, Европската централна банка планира воведување дигитално евро до 2029 година.
Никој не мора од утре да ги менува картичките – Visa и Mastercard остануваат на пазарот, а новата мрежа допрва треба да расте. За Македонија, која не е членка на ЕУ, ова засега е вест однадвор. Прашањето е колку долго ќе остане таква: кога Европа ќе почне да плаќа по свои шини, ќе бидеме ли поврзани со нив или ќе стоиме на станицата и ќе гледаме како возовите поминуваат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Буџетот беше прекроен во јули, а веќе се подготвува ново кроење. Цените на горивата се држат ниски со помали акцизи...
Германија 3,3, Франција 3,4, Италија 4,1, Шпанија 4,9 отсто. Енергијата повторно ги турка цените, а Франкфурт решава дали да ги...
Google вели дека има најмоќен модел, а мерката ја дава стартап на чиј индекс е прв. Поинтересно е што Argon...
Предвидувањето дека електричниот автомобил ќе стане поевтин од бензинскиот конечно доби чиста споредба: BMW ја прави истата Серија 3 на...
Содржината што корисниците со години ја пишуваа бесплатно станува роба. RSS се гаси на 13 ноември, јавниот API во март...
Мицкоски ја спомнува американската DFC и двоцифрена стапка на поврат. Финансиската конструкција уште ја нема - а проектот, признава и...
2,6 наспроти 3,2 отсто не е половина, туку околу петтина. А пониската инфлација не ги враќа цените назад - само...
Техничка вода од подземни извори, затворени системи за ладење, приоритет за граѓаните - ветувањата се тука. Колку литри и колку...
Сè почна кога Microsoft му го блокираше пристапот до е-поштата на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд. Сега Франција ги...
Безбедноста на ВИ-агентите се нуди како отворен код, но целосната заштита работи само на чиповите на Nvidia. А компанијата чии...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.