Државна лотарија: две апсења за проневера од 80 милиони денари, а главниот сведок на судот ја смени приказната
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
06.10.2026
05.10.2026
04.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На брегот на Охридското Езеро, во делот кај Билјанини извори и некогашната „Ајван плажа“, деновиве се гради камен ѕид. Фотографиите и видеата ги објавија граѓани во фејсбук-групата „Пишувајте за Охрид“, а на нив се гледа потпорен ѕид што се протега долж брегот и го одделува копното од водата.
Според сведоштвата на жителите, на овој потег речиси да не останал песок. Наместо природна плажа, просторот добива камен и бетон. Делот од брегот со години бил слободен и достапен за сите, и токму затоа луѓето прашуваат две работи: кој ја дозволил изградбата и дали за неа воопшто има одобрение.
Охриѓани веднаш се сетија на неславното „парапетче“ што своевремено неформално го предлагаше поранешниот премиер Никола Груевски. Дел од коментарите предупредуваат дека ваквите зафати го подготвуваат брегот за лежалки и комерцијална експлоатација, наместо да остане јавно добро.
Контекстот го прави ѕидот уште понезгоден. Во јули Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не го стави на Листата на светско наследство во опасност – за тоа гласаа 16 од вкупно 21 членка на 48. сесија во Бусан. Владата доби уште пет години да постапи по забелешките на УНЕСКО, а граѓаните во коментарите потсетуваат дека меѓу препораките е и зачувувањето на природниот брег.
Официјален одговор од Општина Охрид за намената на ѕидот засега нема. Институциите ветуваат отстранување на дивоградбите, а покрај езерото никнуваат нови ѕидови. Кој потпишал за овој ѕид – и дали некој во Париз ќе го забележи пред Охриѓаните да останат без уште една плажа?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Еден од најстарите скопски пазари го менува ликот без никакво објаснување. Едни велат дека уривањето го води Градот, а Градот...
На влезот и на излезот од градот анализите регистрирале нитрити што укажуваат на старо и ново фекално загадување. Подобро е...
Две години по пресудата во случајот Митревска, здружение и пратеници бараат укинување на службената тајна за посвојувањата. Министерството одговара со...
Објектот во Пршовце чинел нешто над 800.000 евра, од кои општината дала 165.000. Остатокот е европски, а аплаузот домашен.
Градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека оттука туристите ја понесуваат првата слика за Скопје. Прашањето е колку долго таа слика ќе остане...
Геодетите на терен се првиот видлив чекор за проширувањето што треба да го поврзе Чаир со Бутел и Шуто Оризари....
За два дена во август езерото изгуби десет сантиметри, а падот оттогаш продолжува. Нивото е сè уште над просекот, но...
Новороденото ждребе лежеше на коловозот додека телефоните снимаа. Еден час подоцна активистката сè уште бараше институција што ќе крене слушалка.
Околу илјада нови случаи годишно, околу 7.000 жени што се лекуваат или се лекувале и скрининг-програма што Државниот завод за...
На 35. издание на „Денови на кочанскиот ориз“ министерот Серафимовски рече дека Министерството е сериозно засегнато за цената на оризот....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.