РЕВИЗИИ 2025–2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Управата за финансиска полиција изврши претреси на дом и лица на повеќе локации и лиши од слобода две лица во нова истрага за Државна лотарија. Сомнежот е тежок: службени лица проневериле буџетски пари во износ од речиси 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра. Според неофицијални информации, меѓу приведените е поранешната раководителка на финансии во лотаријата, а сомнежите датираат од времето кога институцијата ја водеше Перпарим Бајрами.
Обвинителството не ги открива имињата. Вели само дека ова е еден сегмент од повеќе предистраги за Државна лотарија, кои беа најавени уште кога Бајрами, по бегството, се врати во земјава. Значи, ова не е крај на приказната, туку само следната епизода.
Додека Финансиската полиција влегуваше во домови, во Основниот кривичен суд Скопје тече постапката против Бајрами, поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште шест обвинети. Обвинението е дека организирале игри на среќа со видеолотарија иако немале право на тоа, а за таа цел биле набавени видеолотариски терминали вредни 9,7 милиони евра, кои сè уште се во сопственост на Државна лотарија.
И тука доаѓа делот што го поставува вистинското прашање. На рочиштето на 2 октомври главниот сведок на обвинителството ја смени изјавата во корист на обвинетите. Сега вели дека не го познава Груби и дека не го видел Бајрами на средби со него. Обвинителите не можеа да му ја прочитаат поранешната изјава, затоа што во меѓувреме му го смениле статусот – во истрагата тој бил осомничен, а на судот дојде како сведок.
Едната рака на државата апси, другата се сопнува во судница. Ако новата истрага за 80 милиони денари заврши како судењето за видеолотаријата, со сведок што ја менува приказната пред судијата, кој ќе одговара? И колку предистраги се потребни за една институција пред некој да стигне до пресуда?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ревизорските извештаи објавени во 2025 и 2026 година откриваат загрижувачка слика за функционирањето на македонските институции. Од железницата, преку енергетиката,...
Пари, документи, нотарска канцеларија и менувачница. Обвинителството меѓу делата наведува и несовесно работење во службата - кој во оваа приказна...
Мерките му биле доставени на 19 октомври. На 3 ноември таа беше мртва. Кој проверувал дали забраната воопшто се почитува?
Шеснаесет градови, 14 приведени и една реченица што лесно се прескокнува: евидентирани се случаи на непочитување на изречените заштитни мерки.
Анализа за машка плодност во Битола не се прави од пред шест години. Паровите патуваат во Охрид и Прилеп или...
Податоците ги објави самиот Коњановски, откако советниците побараа седница. Во објавата барањето го нарече и ширење страв.
Млади од шест општини дојдоа со детални предлози. Од соопштението на Општината дознаваме дека планот постои, но не и што...
Брисел ја пофали надворешната политика и Планот за раст. За корупцијата пишува дека напредок нема, а за судството - закони...
Опозицијата набројува нули од извештајот, власта одговара со лични напади. Корупцијата и празните судиски места останаа без збор.
Мерката важи за прв дом до 120 квадрати, за парови и самохрани родители до 40 години. За младите што бараат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.