Шест полицајци суспендирани за тепањето кај Сарај: МВР призна неправилности, синдикатот раскажува сосема друга приказна
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
10.10.2026
08.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
„Вистинската европска иднина мора да биде иднина во која ќе влеземе со исправена глава, не со свиткана и понижена кичма.“ Ова е реченицата што премиерот Христијан Мицкоски ја испрати до Софија од Спомен-костурницата во Куманово, на свечената академија за 85 години од 11 Октомври. Силна реченица – по која сè уште се чека да се види што следува.
Пораката до источниот сосед беше внимателно сложена. „За минатото можеме да имаме различни толкувања. За иднината мора да имаме заедничка одговорност“, рече Мицкоски. „Нашиот јазик не е пречка за европската иднина. Тој е дел од европското културно богатство. Нашиот идентитет не е проблем што треба да се реши, туку достоинство што треба да се почитува.“ Од Европа, рече, не се бара да избира меѓу Македонија и Бугарија, туку европските принципи да важат еднакво за сите.
Достоинство – и плата од 1.000 евра
Тешко е да не се согласиш со тоа. Јазикот и идентитетот не се предмет на пазарење и ниту една влада не треба да ги става на маса. Но Брисел засега зборува поинаку: Европската комисија и натаму ја врзува следната фаза од пристапниот процес со обврските од преговарачката рамка и со уставните измени. Исправената глава е став. Прашањето е каков е планот кога другата страна не попушта, а Брисел не ја менува формулата.
Покрај Бугарија, во говорот имаше и бројка. Целта на Владата е просечната нето-плата до крајот на мандатот да се приближи до 1.000 евра, односно нешто повеќе од 60.000 денари. Според последните податоци, во јули 2026 таа изнесувала 48.499 денари, со номинален раст од 7,1 отсто во однос на лани. За целта е потребен уште раст од околу една четвртина. Амбициозно – и мерливо, па ќе може да се провери.
Празник за единство, говор против опозицијата
Мицкоски повика на национално единство, на надминување на поделбите и на „големи национални цели“, бидејќи Македонија „предолго се задоволувала со просечност“. Во истиот говор, опозицијата доби епитети: „Немаат ниту визија, ниту пак програма“, а единственото во што биле „светски шампиони“ е да потпишуваат „секој бел лист хартија“ што ќе им биде ставен на маса. Зборуваше и за оние што „се продаваат“ на луѓе со лоши намери кон државата.
Повик за единство и навреди за противникот во иста реч, и тоа на годишнината од востанието против окупаторот. Партизаните од 1941 немале гаранција дека ќе победат, потсети самиот премиер. Нивните наследници имаат многу поудобна позиција – и токму затоа од нив се очекува повеќе од реторика.
Ако исправената глава е стратегија, а не слоган, кога ќе ја видиме нејзината конкретна содржина – во Брисел, во Софија, или барем во Собранието?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ден по средбата во Софија, бугарската министерка пред пратениците кажа дека нема повторно преговарање и нема одложени уставни измени. Скопје...
Поранешниот градоначалник на Центар сега води партија што се повикува на организација од 1908 година и вели дека е отворена...
Средбата ја побара Брисел. Бугарија ги одби репреговарањето, уставните измени со одложено дејство и квалификуваното мнозинство - и тоа пред...
Државна лотарија ги даде парите, приватна агенција ги подели, а поединечните хонорари Лотарија вели дека нема право ни да ги...
Соопштението против обвинителката излезе на денот кога судот, на нејзин предлог, го одби одмрзнувањето на партискиот имот. Премиерот не дојде...
Скопје бара гаранција дека по уставните измени нема да дојде ново барање. Бугарската министерка вели дека најдобрата гаранција е да...
СДСМ бара проверка на имотите на сите функционери од 1991 наваму, премиерот нуди полиграф за да се каже кој колку...
Скопје знае дека средба ќе има, но не знае дали ќе седне на маса или ќе добие разговор настрана. Во...
Рокот го пишува законот, а партиите се караат кој е крив. Во случајот „Државна лотарија“ штетата е 9,7 милиони евра,...
Фон дер Лајен посоветува разговор, Скопје испрати нота, Софија одговара преку медиуми. Премиерот однапред ја прогласи средбата за формалност.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.