Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пет чешми во гевгелиско сега имаат табла наместо вода за пиење. Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење откако лабораториските анализи на Центарот за јавно здравје Велес покажале микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење. На табличките стои кратко: водата не е исправна за пиење.
Забраната ги опфаќа природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма покрај патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода – и водата од водоводот во Смрдлива Вода.
Токму тој последен ред е најважен, а соопштението го заобиколува. Општината смирува дека водата од природните чешми потекнува од природни извори и не е дел од системот преку кој се снабдуваат домаќинствата. Добро. Но на списокот стои и водовод. Дали од тој водовод пијат луѓе дома, колку домаќинства се засегнати и од кога водата не е исправна – за тоа ни збор.
Комуналната служба и инспекторатот за животна средина поставија предупредувања и најавија мерки за отстранување на можните извори на загадување, како и дезинфекција. Тоа е стандардниот редослед: прво табла, па апел, па „ќе се преземат мерки“. Но кога анализата покажува микробиолошки отстапувања во вода од која луѓето пијат, жителите на овие села заслужуваат повеќе од табла на камен – заслужуваат да знаат кога водата повторно ќе биде безбедна и што ја загадило.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Градот плаќа, Општината подготвува проект, „Улици и патишта“ ќе бојадисува. Само жителите не знаат колку ќе плаќаат за да паркираат...
Општината се фали со мапа на потенцијали и меморандум за Жабени. Граѓанските организации потсетија дека работниците во регионите што живеат...
Везировски е осомничен дека влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети. На неговото место доаѓа човекот што во...
Битола и Карпош објавија субвенции за оџаци, но ниту една бројка колку пари има во касата. „Прв дојден, прв услужен“...
Над 100 милиони денари проекти, нов урбанистички план и отплатен долг - отчет за општината, прочитан пред позадина на ВМРО-ДПМНЕ....
Двата пасоша одземени, потерница распишана, притвор одреден - а нема легален излез во евиденцијата. Софија се повикува на Уставот, Скопје...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.