Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Грејната сезона почна, а со неа и годишниот ритуал: општините се сеќаваат на оџаците. Битола и Карпош оваа недела објавија јавни повици за субвенции – едната за чистење, другата за филтри. Мерките се добредојдени, но имаат заедничка слаба точка: никој не кажа колку пари всушност има во касата.
Битола: до 1.500 денари за чистење. Општина Битола ќе субвенционира дел од трошокот за чистење оџак, во фиксен износ до 1.500 денари по домаќинство. Ако фискалната сметка е помала, ќе се врати толку колку што пишува на неа. Повикот трае од 14 октомври до 6 ноември, по принципот „прв дојден, прв услужен“ – или додека не се потрошат обезбедените средства. Целта, според Општината, е помалку емисии во воздухот, помалку пожари и побезбедни домаќинства.
Карпош: 80 отсто од филтерот, но најмногу 10.000 денари. Општина Карпош ќе покрие 80 отсто од цената за купување и поставување нов филтер на оџак, за индивидуални домаќинства што се греат на цврсто или течно гориво. Филтерот мора да е купен по објавувањето на повикот, на 13 октомври. Повикот трае 60 дена или до исцрпување на средствата и е дел од општинската програма за животна средина и енергетска ефикасност за 2026 година.
Документацијата за Карпош е цела мала администрација: барање, имотен лист, лична карта, трансакциска сметка, сертификат за квалитет од производителот, фискална сметка или фактура – и нотарски заверена изјава дека филтерот ќе се користи и одржува најмалку пет години. Општината го задржува правото да ги мери емисиите на поставените филтри во грејната сезона, но мерењето е доброволно.
Тука е и поентата. Субвенција што бара нотар за еден филтер ќе ја искористат оние што имаат време и упорност, а не нужно оние чии оџаци најмногу чадат. А доброволно мерење значи дека општината нема да знае дали парите го исчистиле воздухот или само ја исчистиле совеста.
Ако „прв дојден, прв услужен“ е правилото, граѓаните имаат право да знаат колку се „првите“. Колку домаќинства може да покрие буџетот на Битола? Колку филтри Карпош очекува да субвенционира? Без тие бројки, ова е добра вест без мерка – а на пролет никој нема да може да каже колку оџаци навистина се исчистени и колку филтри се поставени.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Градот плаќа, Општината подготвува проект, „Улици и патишта“ ќе бојадисува. Само жителите не знаат колку ќе плаќаат за да паркираат...
Општината се фали со мапа на потенцијали и меморандум за Жабени. Граѓанските организации потсетија дека работниците во регионите што живеат...
Везировски е осомничен дека влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети. На неговото место доаѓа човекот што во...
Над 100 милиони денари проекти, нов урбанистички план и отплатен долг - отчет за општината, прочитан пред позадина на ВМРО-ДПМНЕ....
Двата пасоша одземени, потерница распишана, притвор одреден - а нема легален излез во евиденцијата. Софија се повикува на Уставот, Скопје...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.