„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Автомобилите без возач требаше да бидат посигурни од луѓето. Но што се случува кога тие „посигурни” возила ќе се исправат пред пожарникар со шмркот в рака – и едноставно не разберат што гледаат? Американскиот регулатор за безбедност во сообраќајот, NHTSA, испрати јасно барање до компаниите што прават автономни возила: најдете решение за овој проблем, и тоа до крајот на месецот.
Причината не е хипотетичка. Регулаторот документираше образец во кој возилата без возач влегувале во активни итни интервенции, блокирале брза помош и пожарникари, и не препознавале трепкачки светла, дим, оган, пламени сигнали и сообраќајни конуси. „Неспособноста да се откријат и соодветно да се одговори на вакви ситуации претставува функционален недостаток”, напиша директорот на NHTSA, Џонатан Морисон. Со други зборови – возилото не знае што е итен случај.
Претходно истражување идентификуваше најмалку шест случаи до март 2026 кога итните служби морале рачно да поместат возила на Waymo за да поминат – вклучувајќи еден за време на интервенција при масовно пукање и друг кога возилото блокирало пристап до експлозија на природен гас. Waymo одби да коментира. Компаниите не беа именувани во писмото, но деталите не оставаат многу простор за нагаѓање.
Најоштрата реченица од регулаторот е и најважната: „Итните интервенции не се ретки или екстремни гранични случаи.” Токму тука пука митот за автономните возила. Индустријата со години ги нарекува ваквите ситуации „edge cases” – редок раб на веројатноста што системот ќе го научи со време. NHTSA сега вели дека не се раб на ништо, туку секојдневие на секоја улица. И додаде нешто што дотогаш не се слушаше гласно: возило што им пречи на итните служби треба да одговара исто како и човек што го прави тоа – со казни, па и затвор. Прашањето е кој оди в затвор кога зад воланот нема никого.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.