Skip to content

Карпош почна есенска дератизација: до крајот на годината опфатени околу 5.000 шахти

0 мин. читање
Сподели
Карпош почна есенска дератизација: до крајот на годината опфатени околу 5.000 шахти

Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со годишната акција за есенска дератизација. Акцијата ќе трае до крајот на календарската година и ќе опфати околу 5.000 шахти на целата територија на општината.

Од општината велат дека дератизацијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и дека се спроведува редовно, со цел контрола и уништување на штетните глодари и спречување на појава и ширење на заразни болести. Претходно, дезинфекција, дезинсекција и дератизација биле спроведени во сите општински основни училишта и детски градинки.

Добро е кога една општина работи по распоред, а не по аларм. Но 5.000 шахти за околу три месеци е обврска што ќе се провери на терен. Ако глодарите и понатаму шетаат околу контејнерите, жителите ќе знаат дали акцијата навистина стигнала до секоја шахта.