„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Постои еден вид туризам што не бара кондиција, не бара водич и не бара да бидеш добар на карпа. Бара само дрвена патека закачена над нешто што инаку не би можел да го видиш. Галиција, северозападниот агол на Шпанија каде Атлантикот удира во карпа, изгради осум такви патеки и со тоа реши проблем што многу земји го немаат ни допрено: како да пуштиш луѓе во ранлива природа без природата да ја изгазат.
Логиката е проста до банално. Ако патеката е издигната, чекорот не оди по коренот, по дината, по мовта. Оди по дрво. Екосистемот останува под тебе, недопрен, а ти добиваш поглед од висина што пешачката патека никогаш не ти го дава. Тоа е инфраструктура како чин на заштита, не како чин на градење.
Најдраматичната од осумте е Фусиньо до Порко во Луго. Три километри и осумстотини метри повратно, зигзаг по крајбрежна карпа, со околу сто и дваесет метри вкупно качување и симнување – опишана како пешачки ролеркостер, со високи огради и цврста конструкција. Тука не е поентата во должината. Поентата е што целото време одиш над океанот, а не покрај него.
Кај водопадот Езаро на Коста да Морте патеката е стотина метри и речиси без успон. Тоа е единствениот водопад во Европа што паѓа директно во морето, четириесет метри височина, и дрвената конструкција е вградена во самата карпа за да те доведе до точката каде тутнежот на водата се слуша, не се гледа.
Кањонот на реката Мао во Рибеира Сакра оди по друга логика – единаесет километри вкупно, но со кратка делница од два километра што се движи на ниво на крошните, низ шуми и села што со векови не се сменија. Почетокот е стара хидроцентрала претворена во изложбен центар со ресторан. Индустриски објект што не го урнале, туку го препрочитале.
Има и четири километри кружна патека по реката Анљонс, целосно на дрво, со обновени воденици и мостови. Има речиси илјада хектари дини во Корубедо, со подвижна дина подолга од километар и висока дваесет метри, до која се стигнува исклучиво по платформи. Има Фрагас до Еуме, опишана како најдобро зачуваната атлантска шума на континентот, со средновековни замоци и манастир на крајот од патеката.
И тука доаѓа делот што е тежок за читање од Скопје. Ние имаме Матка, имаме Шар Планина, имаме кањони што ниту еден Галицијанец не би поверувал дека постојат. Она што го немаме е дрво под нога и ограда покрај неа. Галиција не откри поубава природа од нашата – откри дека до природата треба да се стигне без да ја изгазиш. Колку чини еден километар дрвена патека, и колку чини да немаш ниту еден?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.