Четири лица приведени за убиствата во Хром и Ѓорче Петров: на мета биле постари луѓе што живееле сами
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Инфлацијата во еврозоната во август се очекува да достигне 3,3 отсто на годишно ниво. Тоа би било највисоко ниво од 2023 година. Во јули изнесуваше 2,9 отсто, покажува анкетата на „Блумберг“ меѓу 31 економист.
Главниот двигател е енергијата – продолжените тензии на Блискиот Исток и повисоките трошоци за гориво. Во Германија се прогнозира инфлација од 3,1 отсто, највисока од почетокот на 2024 година. Во Италија се очекува околу 3,4 отсто, највисоко ниво во речиси три години. Податоците од Шпанија и Франција веќе покажаа посилен ценовен притисок од очекуваниот.
Одлуката што доаѓа на 10 септември
Европската централна банка на 10 септември носи нова одлука за каматните стапки. На пазарите растат очекувањата дека ЕЦБ повторно ќе ги зголеми трошоците за задолжување доколку инфлацијата продолжи да се оддалечува од целта од два процента.
Едно нешто ѝ дава простор за претпазлив оптимизам: базичната инфлација, која ги исклучува променливите цени на енергијата и другите нестабилни категории, се очекува да остане околу 2,5 отсто. Значи проблемот е концентриран во енергијата, а не распространет низ целата економија.
Дел од претставниците на ЕЦБ веќе предупредуваат дека инфлацискиот притисок нема сам да исчезне. Ако растот на цените се задржи подолго време над посакуваното ниво, ново зголемување на каматите станува опција – а тоа значи поскапо задолжување за секој што работи со кредит во еврозоната.
Германија, каде инфлацијата се очекува да достигне највисоко ниво од почетокот на 2024 година, е убедливо најголемата извозна дестинација на Македонија. Според податоците за 2024 година, македонскиот извоз кон Германија изнесува 3,35 милијарди долари – речиси четири пати повеќе од следната по ред земја. Секоја одлука на ЕЦБ што ја забавува германската економија, ги погодува и нарачките што стигнуваат до фабриките тука.
Досегашниот циклус на инфлација во Европа веќе покажа една работа: кога енергијата ја турка стапката нагоре, реакцијата преку каматни стапки погодува и оние што со енергијата немаат никаква врска.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Официјалниот извештај регистрира 132 несреќи при работа, синдикатите зборуваат за околу две илјади повреди годишно. Меѓу двете бројки има јаз...
Правило од 90 дена во 180, билатерални визи само со Швајцарија и Хрватска, а рутата до Германија минува низ уште...
4,3 отсто раст во второто тримесечје, највисоко во регионот, повлечен од градежништво што пораснало речиси 22 отсто. Светска банка ја...
Мали вложувачи ги ставија заштедите во технолошкиот бум, убедени дека државата стои зад него. Економистите предупредуваат дека Кина можеби само...
Речиси секој деветти долар што Microsoft го заработи минатото тримесечје дошол од компанијата со која се бори за истите клиенти....
Четиригодишната фирма ја одби понудата за купување бидејќи не беше над нејзината вредност, па собра нови пари. Облогот е јасен:...
Apple со години ја отфрлаше идејата за Mac на допир. Сега ја продава, а со сите надградби лаптопот чини 14.549...
Регионот оди кон 3,4 отсто, Македонија во спротивна насока. А само една третина од новите извозни зафати во регионот ја...
Во 2015 година лимитот за нови хонорарци беше 1 отсто, со закана од затвор, и хонорарците пак се натрупаа. Новиот...
Приходите и расходите се намалуваат за по 5,3 милијарди денари. Кога парите не стигнуваат, први се кратат проектите што требаше...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.