Пет пожари сè уште горат, кај Чаниште огнот се дели на четири крака: за првпат ова лето превентивно се ангажира Армијата
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
20.08.2026
20.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
20.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
20.08.2026
19.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
21.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.08.2026
20.08.2026
19.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Куќа од 1927 година, во самото срце на Охрид, до општинската зграда – срушена со багер во неработен ден, пред некој да стигне да реагира. И сега, кога од автентичниот објект остана половина ѕид, сите институции велат истото: не сме ние надлежни. Класична балканска претстава во која секој има хартија дека постапил по закон, а зградата ја нема.
Приказната е учебник за тоа како се губи наследство кога никој не е „надлежен”. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС” на 29 мај поднела барање за итна привремена заштита, откако забележале багер во дворот. Опишале вреден примерок од еклектичната градска архитектура меѓу двете светски војни, со уникатни декоративни елементи сочувани во мал број не само во Охрид, туку и пошироко во Македонија. Барањето стигнало пред продолжен викенд. Куќата падна пред крајот на викендот.
Сите се надлежни за ништо
Управата за заштита на културното наследство одговори дека објектот „нема статус на заштитено добро” и дека таа нема ингеренции – надлежна е НУ Завод и музеј Охрид. Заводот пак вели дека објектот навистина имал архитектонски вредности на јужната фасада и дека планирале да го обележат за заштита, но – „за уривањето дознавме од медиумите”. Барањето стигнало доцна, реагирале со задоцнување, а старата фасада, велат, можела и требала да се вгради во новата градба по примерот на европските градови.
А Општина Охрид? Децидна е дека постапила „согласно сите законски процедури”. На барање на сопственикот издала одобрение за градење според Деталниот урбанистички план од 2008 и Планот за управување со охридскиот регион, со сите потребни согласности. Сè по книга. Сè законски. И сепак – една зграда од 1927 повеќе ја нема.
Тоа е целата трагедија спакувана во еден случај. Кога една куќа се наоѓа во контактната зона на Старото градско јадро на Охрид – заштитена УНЕСКО-целина – а сепак може да биде срушена за викенд затоа што никој не покренал хартија навреме, тогаш проблемот не е во една куќа. Проблемот е во систем во кој заштитата стапува на сила дури откако багерот веќе завршил. Колку вакви објекти ќе исчезнат додека институциите си ја префрлаат топката, секоја со уредно потпишан документ во рака?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Одговорот на институциите на запалената депонија останува ист - уште земја врз огнот. Трајното затворање чека нов центар во Новаци,...
Истрагата отворена два дена по пожарот во Тетово заврши со заклучок дека нема доволно докази. Затворен предмет не е ослободителна...
Градот брои третмани од 7 мај наваму, опозицијата брои пациенти. Она што недостасува е независна проверка на ефектот - што...
Град Скопје ги мапирал критичните локации и изработил технички решенија. Изработил - не изведол. Кај „Ист Гејт" пак треба реконструкција...
Пет години децата ги возеле во Струга затоа што немало специјалисти. Одделението се врати, но основната опрема дојде преку донации...
Автобусот повторно поврзува Радишани и Бутел со Карпош, за првпат преку булеварот „Словенија". Меѓу 08:10 и 14:10 нема ниту едно...
Дефект на пумпната станица „Довлеџик" прекина снабдувањето со сурова вода среде август. Кај критична инфраструктура, заштитата од гром не е...
Странската табличка повеќе не е излез од системот. Првиот ден донесе и колони, караници и полициска интервенција - но проблемот...
Фирма купила земјиште на јавно наддавање за 333.000 евра, законот ѝ ја запрел градбата, а сега на истото место со...
ЈСП по првпат го активира булеварот „Словенија" и ги поврзува Радишани и Бутел со Карпош 3. Меѓу 08:55 и 14:55...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.