Полицаец од Драчево возел без положен возачки испит: Кој ги проверува оние што ги проверуваат другите?
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пензиите растат од септември, но овој пат не сите ќе добијат исто. Се враќа процентуалното усогласување, а тоа значи дека постариот со 20.228 денари ќе добие околу 607 денари повеќе, додека оној со највисоката пензија од 94.332 денари ќе добие околу 2.830 денари. Разликата не е грешка во пресметката – тоа е самата логика на системот.
Зошто токму околу три проценти
Одговорот е во таканаречената швајцарска формула. Според членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, пензиите се усогласуваат двапати годишно, во март и во септември. Половина од пресметката доаѓа од растот на просечната плата, половина од растот на трошоците на живот.
За септемвриското усогласување се споредуваат првите шест месеци од 2026 година со второто полугодие од 2025. Просечната нето-плата пораснала за околу 4,75 проценти, а трошоците на живот за околу 1,17 проценти. Внесени во формулата, тие даваат 2,96 проценти. Значи платите се моторот на ова зголемување, инфлацијата има значително помал придонес. Конечниот процент сè уште треба официјално да се утврди.
Премиерот Христијан Мицкоски го најави усогласувањето како редовно, во согласност со законот, и порача дека точниот износ ќе биде познат наскоро. Во изминатите две години пензионерите добиваа линеарни покачувања од по 7.000 денари.
Кој колку добива
Ако стапката биде три проценти, пензија од 20 илјади денари добива 600 денари повеќе, од 25 илјади – 750, од 30 илјади – 900, од 40 илјади – 1.200, а од 50 илјади – 1.500 денари. Највисоката пензија во земјава ја имаат само осуммина луѓе. Тие ќе го добијат најголемиот номинален раст.
Тука е и суштинската разлика во однос на линеарните покачувања: тогаш сите добиваа ист износ, сега секој добива ист процент од својата пензија. Кој имал повеќе, добива повеќе. Тоа може да се брани како праведно – оној кој уплаќал поголеми придонеси добива повеќе – но за пензионерот со 20 илјади денари разликата меѓу 600 и 7.000 денари не е апстракција.
Сметката на Фондот
Во земјава има над 350 илјади корисници на пензија, а само во првата половина од годинава нивниот број се зголемил за 1.876 лица. Тоа само по себе значи дополнителни расходи, уште пред да се пресмета новото усогласување.
Проблемот е што ПИОМ не ги покрива своите расходи само од придонесите. Според ревизијата на Државниот завод за ревизија за 2024 година, приходите од придонеси пораснале за 14 проценти, на 71,4 милијарди денари. Расходите за пензии, пак, надминале 90,2 милијарди. Дупката ја крпи државниот буџет.
Токму затоа неодамна беа пренасочени околу 4,75 милијарди денари, односно 77,2 милиони евра, акумулирани во Агенцијата за вработување, во функција на пензискиот фонд. Придонесот за пензиско осигурување се зголеми од 18,8 на 19,9 проценти, а оној за невработеност падна од 1,2 на 0,1 процент. Вкупната стапка остана 28 проценти – сумата иста, распоредот поинаков.
Директорот на ПИОМ, Никола Мемов, вели дека придонесите тековно се прибираат, трансферите од буџетот се редовни и пензиите се исплаќаат навреме. Но и тој признава дека системот има структурни проблеми и дека се потребни реформи. Посочува и дека за здравственото осигурување на пензионерите годишно се издвојуваат околу 13,5 милијарди денари, односно 220 милиони евра, и отвора прашање дали тој товар треба и понатаму да виси на пензискиот фонд.
За септември сметката е јасна. Прашањето кое не се поставува гласно е како ќе изгледа истата сметка за десет или дваесет години, кога корисниците ќе бидат уште повеќе, а придонесите ќе ги плаќаат уште помалку луѓе.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Во август Македонија имала 131.076 странски гости, а само регионот на Белград 154.267. Странците кај нас во просек остануваат околу...
Само 19 отсто од домаќинствата со деца добиваат детски додаток, наспроти 88 отсто во ЕУ. Платформата против сиромаштија бара универзален...
Еден од петте најголеми клиенти на Anthropic му сврте грб од бина, а потоа почна да ги ублажува зборовите. Кога...
Од еднорог до стечај за пет години: Google ги врати основачите кај себе, Disney зема дел од имотот, а платформата...
Автомобил што прелетува над камиони на компримиран воздух и стига во 2028 - ако не се одложи повторно. Депозитот се...
ЕСМ сега продава струја по 65 евра за мегават-час, а на европските берзи цената надминува 200 евра. Премиерот вели дека...
Над 122 тони храна од животинско потекло се вратени од границата, а увозот на уште 21 тон е забранет. Агенцијата...
Предлог-законот е во Собранието и ја затвора приказната за национализација. Државата наместо тоа нуди избор на ризик, со правило дека...
Агентите не кршеле ништо - ги користеле лозинките што некој ги оставил на јавно место. А за упадите Индија дозна...
Фалсификатите станаа толку добри што добија сопствено име. Veritas нуди чип вграден во производот, а го финансира фондот на Алексис...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.