Притвор за напаѓачот од Охрид дури по нови докази: Јанев најавува санкции за полицајци што ги газат процедурите
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Каде е најблискиот контејнер за рециклирање и кои стојат полни со денови? Сè е на една мапа, со податоци што се ажурираат секој ден.
Општина Прилеп ја доби наградата „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на ниво на Западен Балкан, во конкуренција од 63 апликации. Наградата е доделена на настан во Приштина.
Главниот аргумент на општината е една бројка: 49 проценти од граѓаните веќе селектираат отпад од пакување во своите домови. „Тоа се илјадници домаќинства, илјадници лични одлуки и еден град што чекори кон почиста и поодржлива иднина“, порача Проданоски.
Бројката е импресивна, ако издржи проверка. Од објавите не е јасно како е измерена – со анкета, со податоци од собирањето или со проценка. А разликата е голема. Едно е граѓанинот да ја одвои пластиката во посебна кеса, друго е таа кеса да не заврши во камионот заедно со останатиот отпад.
Општината најавува продолжување на работата на инфраструктура за секундарна селекција со капацитет до 10 тони на час, систем за собирање и раздвојување различни видови отпад, решенија за компостирање и третман на градежниот шут, како и рекултивација на постојната депонија. Тоа се вистинските мерила: кога линијата ќе профункционира, колку тони ќе поминат низ неа и колку помалку отпад ќе заврши на депонијата.
„Отпадот не мора да биде крај на еден процес, туку почеток на нова вредност“, вели Проданоски. Добра реченица за плакета. Дали ја потврдуваат и тоните, ќе покаже депонијата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Цистерни со техничка вода за граѓаните немаше. Нова цистерна „Исар“ има, но таа е за одржување на улиците.
Вакцината е бесплатна и за девојчињата и за момчињата, а двете дози ги прима само половина од децата. Лани над...
Градоначалникот вели дека затекнал долг од речиси 300 милиони евра. Отчетот го пишува тој, а резултатите Скопјани ги проверуваат на...
По предупредувањата на американските амбасади во Софија и Приштина, директорот на АНБ вели дека проценката за Македонија не се менува,...
Новите возила имаат дефибрилатор и кислородна поддршка. Она што службата нема се луѓе што ќе ги возат и ќе работат...
Од 15 ноември до 31 март, секоја година. Возачите меѓу Охрид и Ресен до пролет мораат да возат по алтернативни...
Најнискиот дел од населбата досега не можеше да се поврзе со канализацискиот систем. Решението е препумпен уред.
На изворот 0,89 НТУ, во градската мрежа до 1,8. Водата се заматува некаде на патот до чешмата, а водоводот не...
Над тон убојни средства и околу 135 килограми експлозив покрај градот. Ги чистат пиротехничари на државата и поранешни полицајци на...
Градоначалникот се заблагодари на Владата и вети побрзи интервенции. Соопштението не кажува колку чинеше набавката ниту колку минути ѝ требаат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.