Притвор за напаѓачот од Охрид дури по нови докази: Јанев најавува санкции за полицајци што ги газат процедурите
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
16.11.2026
18.11.2026
18.11.2026
17.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Првите 30.000 дози вакцини против сезонски грип пристигнаа во државата, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Втората пратка од 26.000 дози се очекува до 15 ноември, а министерството работи да обезбеди вкупно 80.000 дози. Вакцинацијата, според министерот, треба да почне во периодот од 16 до 25 октомври, со предност за ризичните групи, кои ќе се определуваат според дијагнозата во центрите за јавно здравје.
Има само еден проблем. На порталот vakcinacija.mk, преку кој граѓаните досега се пријавуваа, стои пораката: „Пријавувањето за вакцинација за сезонски грип е завршено“. Нема информација за новата сезона, нема објаснување дали пораката е останата од минатата година, нема датум од кога ќе може да се закаже термин.
Клековски вели дека пријавувањето мора да оди преку модулот во „Мој термин“, за министерството да има увид во бројот на пријавени. Но електронското пријавување засега не е овозможено. Министерот најави дека ќе биде првиот што ќе се вакцинира, за да ги поттикне граѓаните да се пријават – кога ќе можат.
За доцнењето постои објаснување: сите три соеви на сезонскиот грип оваа година се нови, па производителите во Европа и пошироко почнале подоцна со производство. Клековски дури вели дека кај нас вакцинацијата ќе почне порано отколку кај некои соседни држави, каде што ќе почне во ноември.
Но порталот е друга приказна. Повозрасните и хронично болните, токму ризичните групи, често се закажуваат со помош на членовите на семејството, преку интернет. Кога државната страница им кажува дека е „завршено“, тоа не е технички детал – тоа може да биде причина некој да се откаже. Колку време треба за една реченица на веб-страница да се ажурира навреме?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Цистерни со техничка вода за граѓаните немаше. Нова цистерна „Исар“ има, но таа е за одржување на улиците.
Вакцината е бесплатна и за девојчињата и за момчињата, а двете дози ги прима само половина од децата. Лани над...
Градоначалникот вели дека затекнал долг од речиси 300 милиони евра. Отчетот го пишува тој, а резултатите Скопјани ги проверуваат на...
По предупредувањата на американските амбасади во Софија и Приштина, директорот на АНБ вели дека проценката за Македонија не се менува,...
Новите возила имаат дефибрилатор и кислородна поддршка. Она што службата нема се луѓе што ќе ги возат и ќе работат...
Од 15 ноември до 31 март, секоја година. Возачите меѓу Охрид и Ресен до пролет мораат да возат по алтернативни...
Најнискиот дел од населбата досега не можеше да се поврзе со канализацискиот систем. Решението е препумпен уред.
На изворот 0,89 НТУ, во градската мрежа до 1,8. Водата се заматува некаде на патот до чешмата, а водоводот не...
Над тон убојни средства и околу 135 килограми експлозив покрај градот. Ги чистат пиротехничари на државата и поранешни полицајци на...
Градоначалникот се заблагодари на Владата и вети побрзи интервенции. Соопштението не кажува колку чинеше набавката ниту колку минути ѝ требаат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.