Skip to content

Од брегот на Дојранското Езеро се вадат бекатон-плочки и камења натрупани со години

1 мин. читање
Сподели
Од брегот на Дојранското Езеро се вадат бекатон-плочки и камења натрупани со години

Општина Дојран почна со чистење на крајбрежјето долж шеталиштето во Стар Дојран. Од брегот се отстрануваат бекатон-плочки, камења и друг материјал што, како што велат од општината, се насобирал со текот на годините.

Целта, според општинските власти, е брегот да се ослободи од отпадот, да се уреди и дополнително да се посипе со песок, за да има „подобри, почисти и побезбедни услови“ за посетителите. Работите се изведуваат со новата механизација за одржување на јавните површини што општината ја доби неодамна. Со неа е уреден и теренот на фудбалското игралиште на кое игра тимот „Дојранско Езеро“.

Добро е што брегот се чисти. Но бекатон-плочките не растат по песокот – некој ги донел и ги оставил, а со години никој не ги тргнал. Колку години требаше да поминат за градежниот шут на брегот на едно од трите големи природни езера во државата да стане работа за општината?