Снимката ги најде за еден ден: двајца малолетници и 20-годишник осомничени за суровото тепање во Гостивар
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
03.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Словенија направи нешто што ретко се гледа на Балканот – пред да донесе одлука за затворање на рудникот Велење, државата пресмета колку тоа навистина ќе чини. Резултатот е јасен: 1,13 милијарди евра за затворање на рудникот, санација на земјиштето, заштита на животната средина и праведна транзиција за рударите.
Според усвоеното законско решение, експлоатацијата на јаглен треба да заврши најдоцна до 2033 година, но обврските на државата и компанијата нема да завршат тогаш. Напротив, процесот на затворање ќе продолжи уште најмалку дванаесет години, односно до 2045 година, кога е предвидено конечно згаснување на компанијата која управува со рудникот.
Средствата нема да бидат потрошени само за затворање на производството. Голем дел од нив се наменети за континуирано одржување на напуштените јами, следење на подземните води, спречување на слегнување на земјиштето, санација на оштетените површини, рекултивација на просторот и обезбедување услови за економска трансформација на регионот кој со децении живеел од јагленот.
Се поставува логично прашање – дали некој во Македонија пресметал колку чини затворање на еден рудник?
Колку ќе чини одводнувањето на јамите по престанокот на експлоатацијата? Колку средства ќе бидат потребни за рекултивација на јаловиштата, третман на загадените води, мониторинг на животната средина и обезбедување безбедност на локациите во наредните децении? Кој ќе ги покрие тие трошоци – компаниите или граѓаните преку државниот буџет?
Додека кај нас најчесто се зборува за отворање нови рудници и за економските придобивки од нивното работење, речиси никој не зборува за последната сметка која секогаш доаѓа на крајот – сметката за затворање на рудникот.
Словенците ја направија таа пресметка и јавно ја објавија. Во Македонија јавноста сè уште не знае колку би чинело затворањето на Саса, Тораница, Бучим или Злетово. Без такви анализи не може реално да се процени ниту вистинската економска вредност на рударството, ниту ризикот што останува за идните генерации.
Затоа е време надлежните институции да одговорат на едноставно прашање: ако утре престане производството во некој рудник, дали знаеме колку ќе чини неговото безбедно затворање и кој ќе ја плати таа сметка?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Наместо да купува земја покрај мрежата, фирмата ја става батеријата кај клиентот и потоа ја продава неговата струја. Претплата од...
Фирма чиј бизнис се потпира врз луѓе што возат сопствени автомобили сега гради платформа во која човекот е само една...
Пари за млади основачи има повеќе од кога било. Простување за грешки - нема воопшто, а секој погрешен чекор се...
Две истражувања мапираа како се создава измамата во технолошките фирми. Заклучокот не е дека основачите се лоши луѓе, туку дека...
Стартап што собрал 29 милиони се продава за 200. Пазарот повеќе не расте поради нови корисници, туку поради машини што...
Pangram продава уверување дека знае што напишала машина. Технологијата работи подобро отколку што очекувате - а сепак таа една грешка...
Runlayer тврди дека Rippling ја користела пробата за да изгради истиот производ. Замката во која седи секој што продава ВИ...
Лабораторија што постои помалку од година пушта 100 робота на интернет за да види како луѓето сакаат да им зборуваат....
Над 80 отсто од целиот лондонски рисков капитал влезе во една категорија. А во источен Лондон, група основачи води дневник...
Договори до 50 милиони, проекции од 75 милиони - и ситен печат во кој самата компанија пишува дека тоа не...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.