Skip to content

Стартува изборната кампања: 1.832.415 гласачи ќе избираат градоначалници и советници на 19 октомври

0 мин. читање
Сподели
Стартува изборната кампања: 1.832.415 гласачи ќе избираат градоначалници и советници на 19 октомври

Од полноќ започнува изборната кампања за локалните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври. Кампањата ќе трае до 17 октомври, додека кампањата за вториот круг, предвиден за 2 ноември, ќе се води до 31 октомври.

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи избирачкиот список, според кој право на глас имаат вкупно 1.832.415 граѓани. Ова се осмите локални избори од независноста на државата.

На изборите ќе се натпреваруваат 309 кандидати за градоначалници и 577 листи за членови на општинските совети со вкупно 10.499 кандидати.

Во целата држава се регистрирани 3.480 избирачки места, а кај 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи. За нивното гласање, како што соопштија од ДИК, ќе биде обезбедено најблиско избирачко место.