„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Tesla три пати ветуваше дека годинава ќе почне масовно да произведува три нови производи – роботаксито Cybercab, камионот Semi и енергетската батерија Megapack 3. Сега, тивко, во писмо до акционерите, тие ветувања исчезнаа. Ниту еден од трите нема да стигне до „голем обем на производство” во 2026 година.
Од писмото исчезна и реченицата за роботот Optimus, кој претходно исто така требаше да влезе во масовно производство. Причината? Батериите. Компанијата вели дека мора прво да го зголеми сопственото производство на батериски ќелии – конкретно моделот 4680 – пред да може да гради што било во сериски обем.
„Ова ќе биде најтешкиот производ за производство што некогаш сме го правеле во Tesla, бидејќи сè на роботот е ново”, призна извршниот директор Илон Маск за Optimus на конференциски повик. Реткост е Маск да признае дека нешто е тешко – обично датумите летаат наоколу како ветувања на предизборен митинг. Овојпат, барем, има доза реализам.
Бројките зад ова покажуваат фирма што троши многу повеќе отколку што заработува. Приходите пораснаа за 26 проценти на 28,2 милијарди долари, но нето добивката падна за 5 проценти на 1,1 милијарда. Оперативните трошоци скокнаа за 47 проценти на 4,3 милијарди, а слободниот готовински тек беше негативен – минус една милијарда долари, наспроти плус 1,44 милијарди претходното тримесечје.
Најголемиот дел од парите сепак доаѓа од старата, „досадна” работа – продажба на електрични автомобили. Tesla испорача над 480.000 возила за тримесечјето, најдобар резултат од есента лани, со рекордна продажба во неколку пазари надвор од САД – Јужна Кореја, Австралија, Јапонија, Тајван, Португалија, Словенија, Литванија и други. Претплатите на системот за автономно возење (FSD) достигнаа 1,48 милиони, скок од 56 проценти.
Значи, компанијата што сака да престане да биде производител на автомобили и да стане фирма за вештачка интелигенција и роботика – и понатаму живее токму од тие автомобили. Оперативниот приход падна за 57 проценти, на само 398 милиони долари. Маск најави капитални трошоци од 25 милијарди долари за 2026 година, три пати повеќе од историскиот просек.
Пред една година Tesla го нарече тоа тримесечје „преломна точка” во преминот од производител на автомобили кон лидер во „вештачка интелигенција, роботика и поврзани услуги”. Една година подоцна, преломната точка сè уште трае, датумите се поместуваат, а сметката расте. Прашањето за секој што размислува да купи акции или да чека Cybercab пред своја врата е едноставно: колку долго може една фирма да живее од ветувања за иднината, додека сегашноста ја плаќаат старите модели?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.