Четири семејства, едно утро: Насилството во домот стана дневна бројка
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.07.2026
20.07.2026
20.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Охрид повторно чука на вратата од Листата на светско наследство во опасност, а власта наместо решенија бара – време. Шест години, за да го поправи она што, како што вели премиерот, три и пол децении се уништувало. Прашањето е дали УНЕСКО ќе купи уште еден одложен рок, или езерото конечно ќе ја плати сметката за дивоградбите што никој не сака да ги урне.
Во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО повторно се предлага Охридскиот Регион да биде впишан во Листата на светско наследство во опасност. Конечната одлука се носи на 22 јули, на 48. сесија што се одржува во Бусан, Јужна Кореја. За Македонија и Албанија – бидејќи езерото е заедничко – тоа би било црна дамка каква што ретко се брише лесно.
Ревизијата кажува се
Државниот завод за ревизија веќе го напиша тоа што власта не сака да го чуе гласно. Општина Охрид нема донесено урбанистички планови за дваесет населени места. Не презела мерки за отстранување на бесправните објекти, особено во заштитените зони. Урбаната опрема на места се поставувала без дозволи и платени такси. И, најтешкото – не се постапувало по стотици решенија за нелегални градби. Со други зборови, институциите знаеле, имале хартија во рака, и не мрднале.
Наследен проблем или изговор?
Премиерот Христијан Мицкоски вчера при посета на Дебарца ја повтори веќе познатата линија: „И супермени да бевме, за две години не можеме да исправиме нешто што три и пол децении било расипувано.” Наследен проблем, велат од Владата, добиен преку лошите извештаи од претходната власт. Само, наследството е удобна работа – секоја власт го користи за да го одложи товарот на следната. А езерото не чека мандати.
Опозицијата возвраќа. Претседателот на охридскиот СДСМ, Асен Шајн, обвинува дека локалната и централната власт, предводени од ВМРО-ДПМНЕ, не спровеле доволно мерки. Тврди дека нема напредок во отстранувањето на дивоградбите, дека се дозволува ново градење во чувствителни зони и дека проблемите со урбанизмот, загадувањето и колекторскиот систем остануваат нерешени. „Статусот на Охрид не се штити со политичко лобирање, туку со почитување на законите”, порача Шајн.
А во позадина стои случајот „Горица 3″ – спорниот луксузен хотел поврзан со Сашо Мијалков, кој граѓанските организации го посочуваат како учебнички пример за градење спротивно на правилата. Надлежните молчат. Хотелот стои.
Тука е и деталот што ниту една страна не сака да го нагласи: локалната власт е таа што ги издава дозволите за градба и таа што треба да ги урива дивоградбите. Во периодот 2017-2025 менувале се градоначалници од две партии – Стојановски и Георгиески од СДСМ, а од 2021 Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ. Крајбрежјето продолжи да се бетонира под сите нив.
Затоа прашањето не е чија е вината, туку кој ќе ги урне објектите. УНЕСКО не бара извинувања ни политички дуели – бара исполнети препораки. Ако Охрид падне на Листата во опасност, нема да падне поради Албанија, ни поради „наследството”. Ќе падне затоа што со децении сите знаеја, а никој не урна ниту еден ѕид.
Најновите 10 вести од оваа категорија
УКЛО нуди 2.115 места, УГД дури 3.341. Роковите се јасни, изборот е широк. Тешкото прашање доаѓа четири години подоцна -...
Плажите на Охридското, Преспанското и Дојранското поминуваат. Но извештајот на Институтот за јавно здравје посочува децениски проблем што никој не...
Десетина луѓе, половина час, 66 крвни единици за некој кого никогаш нема да го запознаат. Меѓу дарителите луѓе од различни...
2.419,6 колиформни бактерии на 100 мл при дозволени 50. Над 1.200 болни. И најстрашниот дел - според истрагата, ова не...
Претседателката на најмногунаселената држава на светот е во дводневна посета на Македонија. Полни државни почести, цвеќе на гробот на Гоце...
40 отсто завршени работи, а вистинскиот старт е дури 2030-та. Дури и градоначалникот признава дека проектот доцнел заради администрација и...
Ветерот собори дрвја и кабли, а во паркот во Козле дрво за секунда се сруши врз 88-годишна баба. Помина со...
Планирани исклучувања од 9 до 14 часот на неколку улици и села. Одржувањето е неизбежно - но кога планираното станува...
Нацрт-одлука за впишување на Охрид на Листата во опасност. СДСМ обвинува власт, Општината враќа топка, а прашањето за хотелот на...
Водата засега е безбедна за капење. Но фекалните води, септичките јами кај Радожда и реките во петта класа се проблеми...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе