„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Waymo, фирмата за автономни возила во сопственост на Alphabet, објави дека планира да пушти услуга со роботакси во Минхен. Најавата дојде месеци откако компанијата отвори свој правен субјект во Германија, што значи дека подготовките траат подолго отколку што изгледа од соопштението.
Патот до првиот платен превоз е долг и Waymo не крие колку. Прво се вози рачно за да се мапираат улиците. Потоа се тестира со човек зад воланот. Потоа човекот се вади, но во возилата седат само вработени, новинари и поканети гости. И дури тогаш, ако регулаторот каже да, услугата се отвора за јавноста. Компанијата вели дека соработува со германската Сојузна управа за моторен сообраќај (KBA), со покраинските власти и со локалните органи, и дека комерцијалниот превоз го очекува кон крајот на 2027-та. Значи, вест за нешто што ќе се случи за повеќе од една година.
Зошто Германија, а не некоја друга европска земја? Затоа што Германија пред повеќе од пет години донесе законска рамка за автономно возење и со тоа стана прва во Европската унија што регулира возила од ниво 4 – системи што возат сами, без очекување човек да преземе, во определени услови. Законот дојде пред возилата. Тоа е редоследот што кај нас ретко го гледаме.
И резултатот се гледа. Според последните податоци на KBA, дозволи за тестирање во Германија имаат Mobileye и Volkswagen, а исто така британскиот стартап Wayve и израелскиот Autobrains – иако мнозинството од нив се на ниво 3, каде возачот сепак мора да може да преземе. Waymo, интересно, во моментот нема ниту една дозвола таму. Најавата доаѓа пред документот.
Германија не е единственото европско бојно поле. Лондон се обликува како втор терен: Waymo вели дека комерцијална услуга таму ќе пушти во текот на 2026-та, што ќе ја стави лице в лице со Wayve и нејзиниот партнер Uber, додека кинескиот Baidu веќе тестира во градот заедно со Lyft и Freenow. Американски, британски и кинески системи што се натпреваруваат кој прв ќе вози низ европски град – а европските фирми се главно во улога на партнер или полигон.
Балканот во оваа приказна не се спомнува со ниту еден збор, и тоа е поентата. Технологијата не оди онаму каде има најмногу возила, туку онаму каде има закон што знае што да прави со неа. Минхен не го добива роботаксито затоа што е богат град, туку затоа што некој пред пет години седнал и напишал правило за нешто што тогаш не постоело.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.