Мицкоски слави 4 спрема 1 против СДСМ во Брвеница, но неговиот кандидат освои 445 гласа помалку од пред една година
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во Киев на 16 октомври почна грејната сезона – најпрвин за болниците, училиштата и градинките. Жителите на Дњепровскиот и Дарницкиот реон не го добија грејањето веднаш, бидејќи еден енергетски објект беше сериозно оштетен. Руските ракетни и беспилотни напади врз енергетската инфраструктура повторно оставија делови од градот без струја и вода. А наместо заеднички фронт против студот, Киев доби уште една политичка војна – меѓу претседателот и градоначалникот.
Зеленски ја отвори на 13 октомври, кога јавно ја искритикува престолнината. „Практично во цела држава, дури и во пограничните области и во регионите блиску до фронтот, спроведувањето на плановите за отпорност е на повисоко ниво отколку во Киев“, изјави тој. Како доказ наведе дека делови од градот остануваат без струја и вода дури и по ограничени удари врз енергетиката, што според него покажува дека градските власти не се подготвиле.
Виталиј Кличко не остана должен. „Се изговараат обвинувања без основа за наводен неуспех на грејната сезона, кои ги шират медиуми поврзани со централната власт“, возврати градоначалникот. Според него, претседателската администрација ги користи проблемите предизвикани од руските напади за да ја ослаби локалната самоуправа и да ги смени градоначалниците што не се под нејзина политичка контрола. „Имаме непријател, а тие војуваат против локалната самоуправа“, порача Кличко.
На 14 октомври Кличко беше повикан да поднесе извештај пред Врховната рада. Пред пратениците ги изреди бројките: градот обезбедил 700 генератори за водоводниот и топлификациониот систем, 70 мобилни котларници, три дизел-електрани и резервно водоснабдување. Потоа ја врати топката – централната власт, тврди тој, ги блокирала парите потребни за дел од енергетските проекти, па работите доцнеле. Го постави и прашањето кој одговара за противвоздушната одбрана на престолнината и за заштитата на електроенергетските објекти, бидејќи од градот се бара да одговара за работи врз кои нема целосна контрола.
Во оваа кавга сега влегува и проценката на украинскиот политиколог Руслан Бортник, кој тврди дека Зеленски би можел уште во наредните недели да го започне разрешувањето на Кличко, а претседателската администрација веќе му подготвувала замена поради незадоволството од состојбата со енергетиката и подготовките за зимата. Тоа е тврдење на еден аналитичар, а не официјална одлука. Но кога претседателот јавно го прогласува главниот град за најлошо подготвен во државата, сценариото не изгледа ни малку исфантазирано.
Кличко е избран со гласовите на жителите на Киев, на што самиот потсети пред Радата. Зеленски е претседател на држава во војна. Звучи ли познато – централна власт и град од различни табори што си ја префрлаат вината, додека луѓето чекаат топла вода? Во Киев барем никој не може да се сомнева дека проблемот е вистински, бидејќи ракетите навистина паѓаат. Прашањето е само дали двајцата ќе ја поминат зимата карајќи се, наместо поправајќи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Неколку дена пред да стапат на сила, Трамп ги стави во фиока мерките против руската нафта и гас. Балканот добро...
Бранот бес поради скапиот живот тргна од Мадрид и Париз, а сега гори во Милано и Тирана. Дали Балканот само...
Француското министерство брои 550.000 демонстранти, синдикатот CGT 800.000, а Џеј Ди Венс од другата страна на Атлантикот ја постави дијагнозата...
Над половина милион Французи излегоа против скапиот живот, а насловите ги презедоа маскирани групи што прво ги онеспособуваа камерите, па...
Министерот за одбрана потврди дека има мртви, но не кажа ниту колку ниту зошто. Ургентен лекар вели дека ваква катастрофа...
Лидерите на ЕУ поминаа два дена во Брисел и не се согласија ни околу тоа колку пари Унијата воопшто ќе...
Генерал Роли Вокер пред околу 700 војници најави „отворен разговор“ со нацијата за жртвите што ги бара одбраната. Европа повторно...
Москва го продава како „договор на векот“, а струјата ќе потече најрано пет години откако ќе стапат на сила условите....
На Залужни му веруваат 64 отсто од испитаниците, на Зеленски 53 отсто - но во хипотетичкиот прв круг Зеленски сè...
Наџме Амини е уапсена на протестите во јануари, а сега е осудена на смрт поради една објава. Над 600 погубувања...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.