Полицаец од Драчево возел без положен возачки испит: Кој ги проверува оние што ги проверуваат другите?
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Два дена преговори во Брисел, а лидерите на Европската унија не се согласија ни околу основното прашање: колку пари Унијата воопшто ќе има од 2028 до 2034 година. Самитот на 15 и 16 октомври заврши без договор за седумгодишниот буџет, заглавен меѓу трошоците, енергијата и миграцијата.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон не се ни трудеше да глуми оптимизам: „Мислам дека овој месец нема да постигнеме договор. Ниту следниот. Не знам ни дали е можно да се договориме до крајот на годината.“ Кога премиер на членка го кажува ова на глас, тоа повеќе не е преговарачка тактика, туку дијагноза.
Ирскиот рез што никого не задоволи
Ирското претседавање со Советот на ЕУ неодамна предложи буџетот да се скрати за 141 милијарда евра, односно за околу осум отсто во однос на првичниот предлог на Европската комисија. Така вкупниот седумгодишен буџет би паднал на приближно 1.620 милијарди евра. Предлогот не помина кај никого. На земјите што бараат штедење, како Германија, Шведска и Холандија, сè уште им е премногу. На членките што не даваат да се сече од земјоделството и од развојот на посиромашните региони – премалку. Едните сметаат дека трошоците се превисоки, другите одбиваат европските фондови да се кратат за да се најдат пари за новите приоритети, меѓу кои одбраната и конкурентноста на индустријата.
Сега топката е кај претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Тој треба да подготви нов компромис пред вонредниот самит закажан за 26 ноември, само неколку дена пред изборите во Шпанија. Неговиот план треба да ги намали националните уплати во заедничкиот буџет, повторно да ги разгледа новите даноци на ниво на ЕУ и да ги врати флексибилните фондови за вонредни ситуации, кои ирскиот предлог значително ги скратил. Дополнителен проблем е што дел од членките повеќе не мислат дека договорот мора да падне до крајот на годината. Ако преговорите се префрлат во 2027, ќе се судрат со изборите во неколку европски земји – а пред избори никој не сака да потпише дека дава повеќе или зема помалку.
Зеленски бара уште 70 милијарди
Во таква атмосфера, украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде со нова бројка. „Војната следната година ќе чини 155 милијарди евра. Ни требаат уште најмалку 70 милијарди од вас, за одбрана, оружје и нашата отпорност. Тоа е реален износ“, изјави тој. Барањето отвори нова расправа, бидејќи Унијата лани веќе одобри заем од 90 милијарди евра, кој требаше да ги покрие украинските финансиски потреби за 2026 и 2027 година.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна дека трошоците на војната значително пораснале и ја поддржа проценката на Зеленски, но нагласи дека ЕУ сама нема да го обезбеди целиот дополнителен износ. Комисијата доби задача да понуди решенија. На маса се ново заедничко задолжување, користење на замрзнатиот руски имот и директни уплати од членките. Секоја опција има свои противници: заедничките кредити поскапеа, користењето на руските средства и понатаму е спорно, а директното финансирање значи дека товарот повторно паѓа на најсилните економии.
Миграција, струја и Кина
Самитот го обележаа и острите расправии за миграцијата. Данската премиерка Мете Фредериксен остро го критикуваше планот на шпанскиот премиер Педро Санчез да го регулира престојот на околу 600.000 мигранти и побара од Комисијата да ги испита последиците. Италија, Данска и Полска се обидоа во заклучоците да внесат построга формулација против мерки што би можеле да поттикнат нелегална миграција, но не успеаја. Италија и земјите од Вишеградската група бараа мерки против наглите скокови на цената на струјата и ревизија на европскиот систем за тргување со емисии, а Финска, Данска и Шведска се спротивставија. По неколку часа дебата – ниедна конкретна мерка за поевтина енергија.
Единствената тема околу која имаше поширока согласност е заштитата од кинеската конкуренција. Лидерите побараа од Комисијата нови трговски инструменти, вклучително увозни квоти и царини, за европските производители на хемикалии, машини и други индустриски производи. Трговскиот дефицит на ЕУ со Кина достигна околу 360 милијарди евра. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека конкуренцијата мора да биде фер и најави поширок пакет мерки против прекумерните производствени капацитети, високите субвенции и потценетите валути.
Најлесно е да се договориш против некој што не седи на масата. Потешко е кога треба да се реши кој колку плаќа. А за земјите што со години чекаат пред вратата на Унијата, меѓу нив и Македонија, ова е буџетот во кој некаде треба да се најде место и за проширувањето. Ако 27 членки не можат да се договорат ни за сопствените пари, колку внимание ќе остане за оние што стојат во редот како пред шалтер во општина?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Над половина милион Французи излегоа против скапиот живот, а насловите ги презедоа маскирани групи што прво ги онеспособуваа камерите, па...
Министерот за одбрана потврди дека има мртви, но не кажа ниту колку ниту зошто. Ургентен лекар вели дека ваква катастрофа...
Генерал Роли Вокер пред околу 700 војници најави „отворен разговор“ со нацијата за жртвите што ги бара одбраната. Европа повторно...
Москва го продава како „договор на векот“, а струјата ќе потече најрано пет години откако ќе стапат на сила условите....
На Залужни му веруваат 64 отсто од испитаниците, на Зеленски 53 отсто - но во хипотетичкиот прв круг Зеленски сè...
Наџме Амини е уапсена на протестите во јануари, а сега е осудена на смрт поради една објава. Над 600 погубувања...
Законот е потпишан, рокот е 18 октомври, а во Вашингтон никој не ги подготвува санкциите. Изгледа дека во Белата куќа...
Рутински преглед, 90 минути на операциска маса и јавно изговорен збор „аденокарцином“. Колку балкански власти би биле толку отворени за...
Повеќе од 1.600 нови имиња на европската црна листа, наспроти 4,8 милиони тони руски дизел што Трамп го пушта на...
Едно лице убиено до зградата на Европскиот парламент, полицаец застрелан во главата во предградието Жет. Престолнината што ни држи предавања...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.