Судење за „Лотарија“: 231 доказ, а досега ниту една порака меѓу Груби и Бајрами
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
24.09.2026
23.09.2026
23.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
24.09.2026
23.09.2026
22.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Подната фонтана на плоштадот „Македонија” се разглобува. Бетонските плочи се извадени и наредени околу самата конструкција, а на плоштадот работи багер – слика што повеќе потсетува на градилиште отколку на најпосетуваната точка во Скопје.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека се работи за темелна и трајна реконструкција. Опремата е специјализирана, произведена во Германија, а автоматизацијата бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста.
Најинтересниот детал е она што стоело под плочите досега. Постојната носечка потконструкција била изработена од пластични носачи, кои поддржувале бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент. Пластика под сто килограми бетон, на плоштад по кој секој ден одат десетици илјади луѓе.
Сега тие носачи се заменуваат со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Ќе бидат заменети и оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија”.
Ѓорѓиевски отворено рече дека фонтаната „поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа”. Тоа е признание што вреди да се задржи во сеќавање.
Подната фонтана е изградена како дел од проектот „Скопје 2014″ и е пуштена во употреба во 2015 година. Низ годините беше оштетувана повеќепати, откако во неа пропаѓаа камиони и други тешки возила – што и не изненадува кога ќе се знае што ја држело одоздола.
Значи: за деценија една фонтана на главниот плоштад пропадна, се крши под тежината на возила, и сега бара целосна реконструкција со увезена опрема. Прашањето не е дали е добро што сега се поправа – добро е. Прашањето е кој ја проектираше со пластични носачи, кој ја прими работата и колку чинеше тогаш.
Фонтаната, ветува градоначалникот, повторно ќе биде место за средби, детска игра, фотографии и прошетки. Веројатно ќе биде. Прашањето е колку долго – и дали некој ќе биде повикан на одговорност ако за уште десет години приказната се повтори.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Квадратите и паркинг местата се објавени до последното. Колку луѓе ќе се вработат и колку чини инвестицијата - на свеченоста...
Градоначалниците нудеа „поволна деловна клима“ и суровини. Единственото конкретно нешто од средбите е програма за мали грантови за невладини организации.
Се најавуваат проверки на домашна адреса со полиција како партнер, а министерот за здравство признава дека контролата на движењето на...
Градот најави 24-часовен видеонадзор против диви депонии и вандали, а камерите сè уште не се ни купени. Во Центар, одлуката...
Жителите бараат сервис на возилата, претпријатието бара подобро пакување. Во меѓувреме, за една недела се расчистени 650 кубни метри диви...
Според ЦУК, горел магацин за бои и лакови. Тоа објаснува зошто чадот беше црн, но не и кој го користел...
Синдикатот тврди дека вработените со години трпат навреди и закани од претседателката. Таа тврди дека се работи за дисциплинска постапка....
Државната ревизија најде систем што реагира добро и планира лошо. Реформите беа побарани со скринингот на ЕУ во 2018 -...
За да се казни прегласен локал, граѓанинот мора да поднесе пријава во Архивата. Архивата не работи за викенд. Од јануари...
Во Црна Гора истиот прекршок чини до 2.000 евра. Но проблемот не е само глобата: комуналните редари на Скопје составиле...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.