Skip to content

Франција гори – младите велат „доста“, власта одговара со насилство

1 мин. читање
Сподели
Франција гори  –  младите велат „доста“, власта одговара со насилство

Со децении Франција се поставуваше како еден од гласните светски бранители на демократијата, човековите права и правото на протест. Од Африка до Блискиот Исток, од Балканот до другите делови на Европа, Париз често испраќаше пораки до туѓите влади: слушајте ги граѓаните, почитувајте ги демонстрантите и не употребувајте прекумерна сила.

           Млади луѓе бараа подобри услови за образование и институциите да ги слушнат нивните проблеми.Првите поголеми реакции дојдоа од ученици и образовни заедници незадоволни од недостигот на наставници, изгубените часови, преполните училници и различните услови за образование меѓу побогатите и посиромашните делови на Франција.

             На полициските интервенции дел од демонстрантите почнаа да одговараат со отпор. Се појавија барикади, фрлање предмети, палење контејнери и уништување имот. Полицијата одговори со дополнителна сила и приведувања.

               Кога младите првпат излегоа на улиците, институциите имаа можност да ги повикаат на разговор, да ги слушнат нивните барања и јавно да понудат конкретни решенија. Тогаш протестите сè уште можеа да се вратат од улиците во училниците и преговарачките сали.

               Власта  дозволи незадоволството од училиштата да прерасне во национална криза,  дијалогот нема, политичка одговорност и оставки се сосема легитимни.

Фактите покажуваат колку далеку отиде кризата. Протестите се проширија на повеќе од 1.200 средни училишта, а од понеделникот се приведени повеќе од 5.000 лица, главно тинејџери. Истовремено, стотици припадници на безбедносните служби се повредени, а дел од протестите прераснаа во сериозно насилство.

Власта има право и обврска да спречи палење, уништување имот и напади врз полицајци, наставници или други граѓани.

Франција не треба да разговара само за тоа како да ги запре протестите, туку и за тоа кој ја носи политичката одговорност што кризата стигна дотука.

Оставката во една демократија не е признание дека државата капитулирала пред улицата. Таа може да биде начин политичарите да преземат одговорност за сопствените одлуки и пропусти.

                Ако за ваква криза никој не понесе политичка одговорност – тогаш за што воопшто се поднесува оставка во една демократија?