Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Новата болница во Кичево почна да се гради во осумдесеттите години на минатиот век. Првиот министер за здравство дојде да ја види во 1998 година, 13 години по почетокот на градбата. Оттогаш низ Кичево поминаа 21 министер со ветување. Последниот е Сашо Клековски.
За разлика од претходниците, Клековски барем не вети датум. „За првпат работиме со конкретно финансирање, не сме во фаза на ветувања, туку сме во фаза на физибилити и проектирање“, рече министерот. Според него, постои пакет од 195 милиони за завршување на Клиниката во Штип, за реконструкција и нов објект на Клиниката во Тетово и за нов објект на Општата болница во Кичево. „Средствата ги имаме“, вели тој.
Но реченицата што најмногу кажува е друга: се прават студии дали може да се продолжи со постојниот објект или ќе се бара нова локација. По речиси четири децении, државата сè уште не знае дали бетонот што го плаќаше вреди нешто. Градбата заглави на ниво на карабина, а старата конструкција, според извештаите, е застарена и не ги исполнува современите стандарди за медицински установи. Голем дел од потрошените милиони, значи, се покажаа како фрлени пари.
Апарати има, лекари нема доволно
Додека се чекаат студиите, министерот вели дека „не чекаат“ – болницата ја зајакнуваат уште сега. Директорката Маја Цветаноска Трајковска набројува нов дигитален рендген, дигитален мамограф и 3D ехо-апарат, донација од Општината. Од министерството велат дека трајно се вработени 4 специјализанти и 4 доктори по општа медицина, а постапката за уште 5 специјализанти е во завршна фаза.
„Опрема без кадар не значи ништо, а кадар без опрема не може да работи“, вели Клековски. Точно. Болницата работи во лоши услови и со недостиг на кадар во повеќе одделенија, а лекарите и сестрите што останале во застарениот објект работат преку своите граници. Ако утре се изгради нова зграда – кој ќе работи во неа? Без услови што ќе задржат млад лекар во Кичево, новите апарати ќе бидат само поскап инвентар.
Градоначалникот Александар Јовановски вели дека Кичевчани заслужуваат нова болница и дека Општината ќе продолжи да помага. Кичевчани слушнаа доволно ветувања за цел живот. Следниот министер што ќе дојде во Кичево нека донесе градежна дозвола, не изјава.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Градот плаќа, Општината подготвува проект, „Улици и патишта“ ќе бојадисува. Само жителите не знаат колку ќе плаќаат за да паркираат...
Општината се фали со мапа на потенцијали и меморандум за Жабени. Граѓанските организации потсетија дека работниците во регионите што живеат...
Везировски е осомничен дека влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети. На неговото место доаѓа човекот што во...
Битола и Карпош објавија субвенции за оџаци, но ниту една бројка колку пари има во касата. „Прв дојден, прв услужен“...
Над 100 милиони денари проекти, нов урбанистички план и отплатен долг - отчет за општината, прочитан пред позадина на ВМРО-ДПМНЕ....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.