Шефот на Вишото обвинителство Битола остана без пасош: Се сомничи дека ургирал за поблаги казни во најмалку четири предмети
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
07.10.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
08.10.2026
07.10.2026
06.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Службениците на Центарот за социјални работи Тетово во вторникот наутро требаше да тргнат од адреса до адреса и да проверат кој и како прима социјална пензија. Наредбата ја издала директорката Магдалена Веселиноска, во согласност со препораките на министерот за социјална политика. Возилата не тргнаа никаде – непознат сторител им ги пресекол гумите.
Настанот е пријавен во СВР Тетово во 8:15 часот. Кога полицијата ги проверила снимките од камерите, се покажало дека токму во тој период во објектот немало струја, па не може да се види кој ги оштетил возилата.
4.500 лажни корисници – и една наредба за терен
Тајмингот сам по себе поставува прашања. Премиерот Христијан Мицкоски деновиве соопшти дека се откриени над 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност што ги земале парите без да ги исполнуваат условите – меѓу нив починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници. „Значи не 45, не 450, туку 4.500“, порача тој. Министерот Ѓоко Велковски, пак, кажа дека исплатите се прекинати кај повеќе од три илјади корисници поради утврдени злоупотреби и дека акцијата влегува во завршна фаза.
Пресечена гума не е голема материјална штета. Но пораката е јасна за секој службеник што треба да тропне на врата и да провери дали корисникот воопшто постои. Ако некој е подготвен да ги сече гумите уште на паркингот, што ќе следува кога проверките ќе стигнат до конкретни имиња и конкретни пари?
И едно прашање за кое не е потребна истрага: како институција што распределува државни пари останува без струја за камерите токму во утрото кога тие најмногу требаше да снимаат?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Обвинителот што ги надгледува обвинителствата во пет града сега е осомничен дека влијаел врз нив. Притвор никој не побара.
Меѓу бегството од затвор и нападот врз 25-годишната жена во Шуто Оризари поминал само еден ден. МВР засега има само...
Изградени се околу 114.000 станови повеќе од проекциите, а експертите како лек против иселувањето го наведуваат полесното доаѓање до стан....
Камен ѕид расте на самиот брег во заштитената зона, а градоначалникот за намената чека записник од инспекција. Кој го гради...
Филм, џез, Шекспир – а од 9 октомври и чкембе-чорба. Битола има фестивал речиси за сè, а Општината за нив...
Забраната за реконструкција на загадувачка индустрија крај населени места паѓа, а членовите за контаминираните подрачја се бришат. Правниците предупредуваат на...
„Мора (со големи букви)“, им порачала претседателката на вработените. Советот со 8 гласа утврди дека ги пречекорила овластувањата – а...
Скопје знае дека средба ќе има, но не знае дали ќе седне на маса или ќе добие разговор настрана. Во...
Градоначалникот ги обвини претходниците за отпадот и чадот и вети зеленило и игралишта. До кога и за колку пари –...
Градинката изгоре во 2017, а нови занимални доби дури сега, со поддршка од Норвешка, Швајцарија и УНДП. Воспитувачите ќе дојдат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.