Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Најголемата крипто-менувачница на светот, Binance, потврди дека од неа се украдени дигитални средства вредни 6,3 милијарди долари. Нападот веќе го носи епитетот „најголемиот грабеж во историјата“ – и овојпат тоа не е претерување. Досегашниот рекорд, грабежот на менувачницата Bybit од 2025 година, тежеше 1,5 милијарди долари. Овој е повеќе од четирипати поголем.
А сè, според првите внатрешни проверки, почнало од еден компромитиран лаптоп на еден инженер. Преку него напаѓачот стигнал до сервисниот систем и пуштил неовластени повлекувања на пари. Компанија што има над 300 милиони регистрирани корисници и која во 2024 година пријави дека чува над 160 милијарди долари туѓ имот паднала на најстариот трик: еден заразен уред на вистинското место. Од Binance велат дека нема докази оти протекле приватните клучеви на паричниците.
Трагата води кон исток. Фирмата за сајбер-безбедност TRM Labs нападот ѝ го припиша на севернокорејската хакерска група TraderTraitor и тоа, како што наведе, „со висок степен на сигурност“. Според нив, низа елементи од нападот одговараат на претходните акции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и случајот Bybit. Главниот аналитичар на TRM Labs, Ари Редборд, го нарече грабежот „пресвртен момент“ и предупреди дека напаѓачот сè уште држи огромна сума, па потрагата допрва почнува. Binance не одговори директно за севернокорејската трага, туку само соопшти дека „тесно соработува со полицијата“ за да се утврди идентитетот на криминалците.
Потоа следуваше спасувачката акција – и таа кажува повеќе од самиот напад. Binance тврди дека со партнерите веќе замрзнал околу 3 милијарди долари. Компаниите Tether и Circle заедно блокираа околу 2,4 милијарди: Circle над 800 милиони во USDC, Tether околу 1,6 милијарди во USDT. Помош потврди и World Liberty Financial, крипто-проектот поврзан со американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство. Значи, кога треба, „децентрализираните“ пари се замрзнуваат со неколку клика од неколку компании. Добро за оштетените. Поучно за сите што веруваа дека над криптото нема газда.
Binance вети дека сите загуби ќе ги покрие од својот заштитен фонд SAFU и од средствата на компанијата, а уплатите и исплатите привремено се запрени додека не се провери целиот систем. Неколку независни аналитичари, пак, предупредувале на сомнителни трансакции часови пред компанијата јавно да признае дека има пробив. Кој знаел, и зошто корисниците дознале последни?
Пазарот реагираше веднаш: биткоинот падна за повеќе од 4 отсто, а остар пад имаа и етериумот и солана. Помалата подружница Binance.US, која работи само со корисници во САД, соопшти дека не е погодена, а конкурентската Coinbase – дека не претрпела упад.
Колку луѓе на Балканот ги чуваат заштедите на менувачница, со уверување дека тоа е „посигурно од банка“? Старото крипто-правило вели дека парите не се твои сè додека клучот не е кај тебе. Вчера тоа правило го доби најскапиот доказ досега.
Најновите 9 вести од оваа категорија
Уредот е недопрен, синџирот околу него не е. Втор пробив во два месеци кај Trezor, а од претходниот остана нешто...
Уредите беа во сефови и банкарски трезори. Хакерите не мораа да ги обиваат - научија како самиот уред прави лозинки,...
Две од секои три лица што купиле - изгубиле. А заработи токму оној чие име е на токенот и чија...
Неделна загуба од 17 проценти и одлив од над 4 милијарди од биткоин-фондовите. Криптото остана она што отсекогаш било -...
Криптопазарот забележа нагол скок по најавеното примирје, предизвикувајќи ликвидации од 595 милиони долари кај над 118.000 тргувачи.
Водечката криптовалута повторно клизна под психолошката граница откако крупни инвеститори почнаа да продаваат позиции, а глобалната трговска неизвесност поврзана со...
Крипто-берзата Binance не помогнала во лансирањето на стабилната валута поддржана од Доналд Трамп пред нејзиниот ко-основач Чангпенг Жао да добие...
Во лавиринтот од криптовалути, каде секој нов ден носи нов „револуционерен“ проект, постои една вистина што многумина не сакаат да...
Вредноста на биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, бележи нагло опаѓање од неколку илјади долари за само неколку минути, предизвикувајќи паника...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.