Кулата на Водно готова од јануари, се отвора дури во јуни: кога доцнењето стане норма, престануваме да го броиме
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
03.06.2026
03.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
03.06.2026
02.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Постои дел од француското крајбрежје каде небото е толку сино што еднаш натера еден сликар да го промени текот на уметноста. Côte Vermeille – „Жаравестиот брег” – е појас од 30 километри меѓу Аржеле-сир-Мер и шпанската граница, каде шкрилести карпи паѓаат во морето, а лозја се качуваат по тераси над водата.
Името го добил во ноември 1912 година, по гласање на каталонски туристички клуб – инспирирано од црвенилото на тамошната земја, виното и зајдисонцата. Но најголемата приказна е постара. Во мај 1905 година, Анри Матис пристигна во гратчето Колиур и го опиша како место со „златна светлина што ги бришеше сенките”. Кон него се придружи Андре Дерен, и за три месеци двајцата создадоа над 15 слики и 40 акварели.
Кога ги изложија во Париз, еден критичар потсмешливо ги нарече „fauves” – диви ѕверови. Така, од една навреда, се роди фовизмот – едно од клучните модернистички движења. Денес патеката „Chemin du Fauvisme” покажува репродукции токму на местата каде што биле насликани оригиналите. „Нема посино небо во Франција од она на Колиур”, напишал Матис. „Доволно е да ги затворам капаците на прозорецот за да ги имам сите медитерански бои дома.”
Секое гратче по брегот носи своја тајна. Бањул-сир-Мер чува најстариот морски резерват на Франција и винарија сместена во доминикански манастир од 13 век. Пор-Вандр ја претвори некогашната фабрика за динамит во ботаничка градина. Колиур ја чува гробницата на шпанскиот поет Антонио Мачадо, кој тука починал во егзил.
А над сето тоа стои виното – две ознаки што го делат истиот терен: Collioure, сувото црвено од гренаш, сира и мурведр, и Banyuls, природното слатко вино со ноти на засладено овошје, какао и суви смокви. Балканецот што мисли дека ги видел сите убави крајбрежја на Медитеранот можеби треба да направи уште една сметка. Некои места не се прославени затоа што се совршени за фотографија, туку затоа што натерале некој да гледа поинаку.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Сантар не се продава гласно, затоа е и зачуван. Вековни тераси-градини, имотни куќи од гранит и хотел во куќа подарена...
Прво доаѓаат уметниците и кафулињата, потоа инвеститорите, и на крај квартот веќе не е за оние што го направиле посакуван....
Над дваесет видови мермер, осум кули и купола висока 75 метри. Локалците не ја викаат станица, туку катедрала на железницата.
Од 1503-та постои крвна врска со Монако. Сирење фалено уште од Плиниј, тартуфи во еден од најважните пазари на Италија.
Преку мостот Дом Луис I од Порто, со подруми на Тејлор, Сандеман и Греам. И сместување за третина пониски цени...
Римјаните го основале пред 2.000 години, Карл Маркс е роден овде, и денес секој град на Мозел се мери според...
80 километри од Валенсија, без бенидорм-туристичкиот хаос. Зимата 80.000 жители, летото 180.000 - и сите знаат точно зошто доаѓаат.
Поморски град со средновековен карактер, аквадукт долж улиците и единствена европска чајна плантажа. Сè на 40 минути со метро од...
Кулата Цезар единствена во Франција, осумаголен донјон, ходници исечени во варовник за кои Умберто Еко пишуваше во Фукоовото нишало.
80 минути со воз од Лондон, УНЕСКО светско наследство, активна катедрала од 11-ти век, пунтови по Стур уште од 19-ти....