Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Приказната трае помалку од три дена и има целосен лак. Во недела градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека во Скопје Север граѓанин узурпирал државен имот, поставил дивоградба и исекол столб од општинското осветлување. Најави брза акција за отстранување и кривична пријава.
Во понеделник наутро инспекторите од општината констатирале дека сè е вратено во првобитна состојба. Дивоградбата ја демонтирал самиот сторител, преку викендот, без багер и без наслов во вестите за рушење.
„Дали надвладеал разумот или стравот од соочување со законот, воопшто не е важно. Важно е дека нема узурпација и не е оштетен државен имот“, изјави Костовски, порачувајќи дека државниот имот не смее да биде узурпиран ниту оштетуван и дека законот важи за сите.
Она што ова го докажува
Механизмот функционирал. Не судот, не инспекторатот по петтата пријава – туку јавната најава дека нешто ќе биде срушено во понеделник. Тоа беше доволно.
Што значи тоа за сите други дивоградби кои со години стојат недопрени низ скопските општини? Дека и таму би било доволно, само никој не го кажал гласно и со датум. Инструментот постои, работи и е бесплатен. Прашањето зошто не се употребува почесто нема техничка одговор.
Костовски нагласи дека нема да се дозволи локални шерифи да продаваат сила која во основа е грубо кршење закон. Формулацијата е точна и опишува појава што секој ја препознава – човек кој исекол улична бандера за да си направи настрешница пред локал не постапувал тајно. Постапувал со уверување дека нема да го спречат.
Тоа уверување не се создава преку ноќ. Се создава секој пат кога некоја претходна узурпација завршила без последица. Овој пат завршила со самодемонтажа за викенд – и токму затоа вреди да се забележи која реченица ја произведе.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Градот плаќа, Општината подготвува проект, „Улици и патишта“ ќе бојадисува. Само жителите не знаат колку ќе плаќаат за да паркираат...
Општината се фали со мапа на потенцијали и меморандум за Жабени. Граѓанските организации потсетија дека работниците во регионите што живеат...
Везировски е осомничен дека влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети. На неговото место доаѓа човекот што во...
Битола и Карпош објавија субвенции за оџаци, но ниту една бројка колку пари има во касата. „Прв дојден, прв услужен“...
Над 100 милиони денари проекти, нов урбанистички план и отплатен долг - отчет за општината, прочитан пред позадина на ВМРО-ДПМНЕ....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.