Криумчари влечеле полицаец со возило кај Блаце: второто возило е она што кажува дека не е случајност
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
12.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
12.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.09.2026
14.09.2026
13.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во март 2026 година редакцијата на Метла побара од Државниот завод за ревизија да го испита работењето на ЕВН Македонија поради информации и претставки што укажуваат на непропорционално високи трошоци за приклучување на електродистрибутивната мрежа, можен нееднаков третман на корисници, а знаејќи дека државата сепак поседува 10% од ЕВН,и сл.
Барањето во ДЗР е заведено под број 09-12/26 од 31.03.2026 година и е прпратено до народниот правобранител.
Народниот правобранител со допис НП бр. 766/26 од 28.04.2026 година ја известува Метла дека е покрената постапка и дека од Регулаторната комисија за енергетика се побарани објаснувања, информации и докази дали постои основ за преземање соодветни дејства. Според подоцнежниот допис на РКЕ, Правобранителот повторно се обратил до Комисијата на 19.05.2026 година.
РКЕ потоа постапува во предметот УП1 бр. 09-102/26, а нејзиното Известување по претставка е бр. 09-102/26 од 17.06.2026 година. Комисијата наведува дека има законски овластувања да врши контрола и надзор над работењето на вршителите на енергетски дејности, но претставката ја оценува како „паушална и неоснована“, истовремено повикувајќи ја Метла да достави конкретни докази за понатамошно постапување
Потоа доаѓа клучниот документ. ДЗР со допис бр. 19-1213/1 од 08.07.2026 година го препраќа обраќањето на Метла до Народниот правобранител. Во образложението пренесено од РКЕ стои дека ДЗР, повикувајќи се на членовите 19 и 22 од Законот за државната ревизија, смета дека нема надлежност за ревизија на ЕВН Македонија бидејќи станувало збор за приватно правно лице „во кое државата нема сопственички удел“
И токму тука се отвора суштинското прашање: ако државата поседува 10% во ЕВН, како ДЗР официјално дошол до заклучок дека државата нема сопственички удел?
На крај, Народниот правобранител, откако го зема предвид одговорот на РКЕ бр. 09-102/26 од 17.06.2026 година, ја запира постапката по предметот НП бр. 766/26, со образложение дека „нема основ за негово натамошно постапување“.
Така, по неколку месеци институционална преписка, ревизија нема, предметот е затворен, а најважното прашање останува неодговорено:
Кој управува и го контролира државниот удел во ЕВН и како Државниот завод за ревизија утврдил дека државата нема сопственички удел?
Ако државата има 10%, тие акции се јавен капитал. Затоа Метла бара едноставен одговор од ДЗР: врз основа на кој официјален документ е утврдено дека државата има 0% во ЕВН?
Во предметот УП1 бр. 09-102/26, Регулаторната комисија за енергетика прво јасно наведува дека согласно Законот за енергетика го регулира и контролира начинот на вршење на енергетските дејности, врши мониторинг на енергетските пазари и контрола и надзор над работењето на енергетските компании.
Но кога Метла посочи можни проблеми со високите трошоци за приклучување, нееднаков третман и ограничен пристап до инфраструктурата, РКЕ побара информации токму од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. По добивањето на нејзиниот одговор, претставката ја оцени како „паушална и неоснована“.
Значи, РКЕ вели дека го контролира енергетскиот пазар и операторите, но кога се појавија сомнежи за работењето на Електродистрибуција – ја праша Електродистрибуција и потоа заклучи дека претставката е неоснована.
Прашањето е едноставно: каде е независната контрола на регулаторот?
Зашто контрола не е да го прашаш контролираниот дали работи правилно, па неговиот одговор да ти биде основа за заклучок.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Полицаец завршил на асфалт кај „Вражји вир“, осум километри од Скопје. Второто возило што пристигнало да ги извлече не беше...
Шестмина скопјани и еден државјанин на Турција, на различни локации, во иста ноќ. Бројката звучи како успех - но соопштението...
Дваесет и двегодишник е во Клиничката болница по судир со автомобил во 12:23 часот. Раскрсницата каде што се случи тоа,...
Патниците известуваат за три и пол до четири часа колона на влез од Грција. Државата има камери што бројат прекршоци,...
Тошковски се пофали со казните, но вистинската бројка е друга - 96 загинати лани, 61 годинава во истиот период. Останува...
Државата платила 120.000 евра само затоа што парите стоеле неискористени на сметка. Домот во центарот на Скопје до неодамна се...
Требаше да чини „нула денари“. Сега опозицијата бара истрага, а хронологијата со најавата на Дејвид Гета три дена по затворањето...
Прекинот почнува во девет часот, во работен ден. Соопштението кажува кога почнува, но не и кога завршува - што за...
Над 1.500 потписи против сеча на шума за десетици нови куќи. Претседателката на Советот како доказ за стабилноста на теренот...
Николоски најавува две нови линии и нови возови. Но разликата меѓу инфраструктура и фотографија со лента ја прави возниот ред,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.