Милионски приходи, а нула вработени? Финансиските податоци за ИРЛ отвораат сериозни прашања
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
05.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
05.05.2026
04.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
06.05.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Организацијата ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА МАКЕДОНИЈА (ИРЛ) јавно објавува дека била создадена поради потребата од „независна платформа“ ослободена од политички и корпоративни влијанија. Но, кога медиум или организација што се претставува како независна добива огромни суми јавни пари, во случајов 180.000 евра од Македонска радио телевизија, логично е да се постави прашањето – колку навистина останува од таа независност?
Дополнително внимание предизвикува и фактот што самите наведуваат дека се формирани во 2017 година со поддршка на „Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција“ – меѓународна организација чиј партнер во Македонија е токму ИРЛ. Тоа отвора уште повеќе прашања: колку странски грантови и донации добиле низ годините, од кого, за кои цели и дали јавноста има целосен увид во тие финансиски текови?
Граѓаните имаат право да знаат: како е избрана токму оваа организација, по кои критериуми, за какви проекти и со каков јавен интерес? Дали постоела конкуренција? Дали имало јавен повик? И што точно добила јавноста за тие пари?
Кога некој медиум или организација гради имиџ на апсолутна независност, а истовремено користи значителни јавни и донаторски средства, тогаш транспарентноста мора да биде максимална. Во спротивно, довербата се претвора во сомнеж.
Во држава каде што новинарството треба да биде коректив на системот, јавноста очекува јасни одговори, а не декларативни пароли за независност. Бидејќи независност не се докажува со слогани, туку со целосна финансиска транспарентност и еднаков однос кон сите центри на моќ.
Откако во јавноста се отвори темата за финансиските средства што ги добивала ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА МАКЕДОНИЈА (ИРЛ), сосема природно е граѓаните да почнат да поставуваат и потешки прашања. Ако организација која се претставува како целосно независна добива значителни средства од јавни институции, но и од странски организации и фондови, тогаш јавноста има право да бара целосна транспарентност.
Денес веќе секој граѓанин може слободно да праша: дали дел од проектите и истражувањата на ИРЛ биле нарачани, насочувани или финансиски мотивирани од одредени центри на моќ? Кој ги поставува приоритетите? Кој одлучува кои теми ќе бидат „големи истражувања“, а кои никогаш нема да се отворат?
Овие прашања не се напад врз новинарството, туку суштински дел од демократската контрола. Особено кога станува збор за организации што со години градат имиџ на морален и професионален авторитет во општеството.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Објавените финансиски податоци за ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА МАКЕДОНИЈА (ИРЛ) отвораат сериозна дебата за тоа како функционира организацијата што со години...
Италија со 117 µg/m³ предводи смрт. Македонија и регионот пречекоруваат сè. А кој рекол - дедо ми умрел од воздух?...
Воено-техничка соработка, инфраструктура, AI, образование. Белград има друга геополитичка позиција од Скопје. Што правиме ние - освен што ја коментираме...
Се обидел да упадне во храмот „Св. Георгиј". Не успеал. Бегал. Заглавил на оградата на истата црква. Полиција, пожарна, итна...
92 фотографии. Заклучени врати со катанец. Три празни противпожарни апарати. Ресивер за пиротехника. Сè беше известено - и сепак никој...
Камион со македонски таблички излета од А3 кај Среданац, се запали, возачот загина во кабината. Економски модел кој ги храни...
80 општини, 500 локации, десетици илјади волонтери. Невидлива граѓанска работа. И прашањето: зошто за чисти реки и Шар Планина ни...
„Проектот Слобода" е на пауза. Блокадата на Иран продолжува. Брент падна под 110 долари. Геополитика на една страница - наши...
150 патници од 88 земји заглавени на брод. Лекар во критична состојба. Швајцарија потврди свој случај. И едноставно прашање -...
Часови пред најавеното примирје, рускиот удар во Запорожје, Краматорск, Дњепар и Полтава убиваше. Зеленски бара мир со термини. Путин одговара...