Пазарот за украдени лозинки OLVX водел до Голема Речица: МВР ја слави акцијата, а молчи дали има македонски жртви
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
16.10.2026
15.10.2026
14.10.2026
13.10.2026
15.10.2026
13.10.2026
12.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Скопје во недела, 4 октомври, е домаќин на 22. Виз Ер Скопски маратон. Од 06:00 до 14:00 часот, улиците и булеварите по трасата ќе бидат затворени, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни правци, во зависност од движењето на тркачите.
Каде нема да се вози
Затворен ќе биде потегот од „Рекорд“, по улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, па по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до Хром. Затворени ќе бидат и делови од „11 Октомври“, од Собранието кон Црвен крст, и од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до Американ колеџ. Во Аеродром посебен режим ќе важи на потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.
МВР апелира возачите да ги избегнуваат трасите и да ги почитуваат насоките на полицајците на терен. Картата на трката не е целосен список на затворените улици – ограничувањата можат да опфатат и пристапни сообраќајници, а автобусите ќе возат по посебни траси.
Двојно повеќе маратонци
Според организаторите, на четирите трки – маратон, штафетен маратон, полумаратон и трка на пет километри – ќе настапат над 15.000 тркачи од 63 земји. На маратонот се пријавени 800 тркачи, двојно повеќе од лани, а на полумаратонот околу 3.000. Меѓу нив се единаесетмина тркачи од Кенија, минатогодишниот победник Дарио Ивановски и 79-годишниот Британец Питер Симсон, најстариот учесник. На трката од пет километри годинава има пријавено повеќе жени отколку мажи.
Стартот е преместен. Трката на пет километри стартува во 8 часот кај семафорите кај Црвениот крст, а маратонот, полумаратонот и штафетата во 8:05 кај „Рекорд“, наместо пред Собранието. Целта е на Плоштад Македонија. Стартните пакети се подигаат до сабота во 20 часот во „Дајмонд мол“ – на денот на трката нема да се делат.
Град што умее осум часа да се затвори за 15.000 тркачи и да остане мирен прави добра реклама за себе. Тестот е кај оние што не трчаат: дали ЈСП навреме и јасно ќе ги објави пренасочените линии, или граѓаните пак ќе дознаваат на постојката?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Табли на камен и апел да не се пие. Но што е со водоводот во Смрдлива Вода - тоа соопштението...
Градоначалникот Јовановски се фали со заштеди. Но ако ученичкиот превоз одеднаш чини половина, некој треба да објасни зошто порано чинел...
Меѓу четири и десет илјади слепи и слабовидни - толку прецизно ги брои државата. На Денот на белиот стап, во...
Во декември - „еден од најдобрите во регионот“. Во мај - договор од 10 милиони евра. До август - раскинат,...
Патник не е автомобил, а 150 електрични автобуси не се 250 колку што бараше Скопје. Министерот ги нарекува „манипулација“ забелешките...
Градот плаќа, Општината подготвува проект, „Улици и патишта“ ќе бојадисува. Само жителите не знаат колку ќе плаќаат за да паркираат...
Општината се фали со мапа на потенцијали и меморандум за Жабени. Граѓанските организации потсетија дека работниците во регионите што живеат...
Везировски е осомничен дека влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети. На неговото место доаѓа човекот што во...
Битола и Карпош објавија субвенции за оџаци, но ниту една бројка колку пари има во касата. „Прв дојден, прв услужен“...
Над 100 милиони денари проекти, нов урбанистички план и отплатен долг - отчет за општината, прочитан пред позадина на ВМРО-ДПМНЕ....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.