Двојна наплата за операции на очи, до 4.000 оштетени пациенти: прекршоците се знаеле, казните не стигнувале
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во амфитеатарот на Клиничката болница во Тетово денеска здравствени работници што повеќе од една деценија работат со договори на дело добија решенија за вработување. Тоа е добра вест и нема потреба да се релативизира – луѓе што години наназад излегувале на протести поради доцнење на платите и непродолжување на договорите конечно добиваат регулиран статус.
Прашањето е кој им ги врачи решенијата.
Двајца копретседатели на владејачка партија делат решенија
На настанот, покрај министерот за здравство Сашо Клековски и првиот вицепремиер Беким Сали, решенија за вработување делеа и градоначалникот на Тетово Билал Касами и градоначалникот на скопски Чаир Изет Меџити. Двајцата се копретседатели на владејачката ВЛЕН.
Клиничката болница во Тетово е јавна здравствена установа во рамките на Министерството за здравство. Не е општинска. Ниту еден од двајцата градоначалници нема надлежност над нејзините вработувања.
Кога новинари прашале во кое својство ги делеле решенијата, Министерството за здравство одговорило дека организатор на настанот била болницата, а тие само биле поканети. „Домаќини беа од Клиничката болница Тетово. Тие ги праќаа поканите за настанот и го правеа сценариото“, кажале оттаму, и ги пренасочиле кон директорот.
Одговорот на директорот
Директорот Ерзен Елези отфрли партизација. Касами и Меџити, вели тој, биле повикани не како копретседатели на ВЛЕН, туку во својство на градоначалници.
„Нема ништо политичко. Решенија за вработување доделивме и јас и министерот Беким Сали и министерот Сашо Клековски. Не беа повикани како копретседатели на Влен, туку како градоначалници. Ги повикавме за да ги испочитуваме и им дадовме да поделат по пет решенија за вработување. Тие немаа ниту говори на настанот, а не беше ниту предвидено да доделуваат решенија, но на крајот рековме да ги испочитуваме и им дадовме да поделат“, рече Елези.
Реченицата се разложува сама. Не било предвидено да делат решенија – па на крајот поделиле. По пет секој. Во својство на градоначалници, во установа во која градоначалникот нема никаква надлежност над вработувањата.
Дека настанот не бил случајно виден и покрај „нема ништо политичко“, потврдува и објавата на Касами на Фејсбук: „Ги зајакнуваме капацитетите на болницата и ги подобруваме здравствените услуги за граѓаните на Тетово и Полошкиот Регион. Инвестирањето во луѓето и во здравството е инвестиција во иднината на нашиот град.“
Сто четириесет и пет или сто и девет
Уште еден детал што вреди да се забележи: бројот. Дел од известувањата зборуваат за 145 доделени решенија, други за 109 здравствени работници што добиле решенија на свечениот настан. Разликата од 36 решенија не е објаснета никаде.
Тоа не мора да е ништо – можно е дел од решенијата да се врачени вон церемонијата. Но кога бројот се менува меѓу соопштенија за ист настан, а никој не го прецизира, тоа е точно она што ја отежнува проверката.
Што следува
Министерот Клековски најави дека со ова се заокружува проектот за вработување на договорците на дело на национално ниво – бројка што од Министерството за здравство е соопштена и како 1.150 и како 1.500. По еден до два месеци продолжува вториот проект, за 600 специјализанти, од кои 22 во Клиничката болница во Тетово.
Директорот Елези најави дека во септември се очекува отворање на нови огласи за 25 административни и 12 технички работници, и повтори дека целта е болницата да прерасне во универзитетска клиника.
Сето тоа е потребно. Тетовската болница со години нема доволно кадар и нема стабилност. Но начинот на кој се врачува решението не е форма – тоа е порака до оној што го добива за кому му го должи. Ако системот му го дал местото, тој е вработен во јавна установа. Ако решението му го подала партијата, тој е нешто друго.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за организиран криминал, избрана од колегите, а не од партијата. Програмата е...
Премиерот ветува јавна дебата и парламентарен надзор врз обединетата агенција. Опозицијата потсетува на прислушувањето и бара одговор и за границите...
64 наспроти 57 гласа, на избори на кои гласаат само обвинителите, а не владејачкото мнозинство. Ретка процедура во која партијата...
130 земји гласаа за укинување на американското ембарго, 17 против. Меѓу тие 17 е Македонија, втора година по ред, додека...
Филипче вели дека по Вучиќ и Орбан следен е Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ одговара со видеа од журки и заеднички омилен пејач....
Потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња, во Скопје зборуваше за поддршка и за надеж дека ќе се надминат отворените прашања...
Министерот за правда бара независно судство и неселективно обвинителство. Европската комисија во меѓувреме бележи дека делот од граѓаните што добро...
Во Србија победија студентите, а лидерот на СДСМ веќе ја пресметува следната влада што треба да падне. Имиња пак нема,...
Ден пред изборите во Србија, Филипче го обвинува Вучиќ за подготвена изборна кражба, а во објавата бара „без мешање во...
Протести од Тирана до Париз, а во Скопје се бараат странски служби. Арсовски ја кажува непријатната причина: помладите не можат...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.