Четири семејства, едно утро: Насилството во домот стана дневна бројка
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.07.2026
20.07.2026
20.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Уставен судија поднесе оставка – но не му кажал на Уставниот суд. Гоце Наумовски најавил дека ќе дојде на седница, но не се појавил и не одговарал на повиците. Претседателот на судот Дарко Костадиновски дознал дека колегата си заминува дури откако се јавил кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, кому Наумовски му ја соопштил оставката. Ако сакаше да се напише учебнички пример за дисфункција на институција, тешко дека би измислиле подобар.
Наумовски беше избран во февруари 2026 година. Значи, издржа нешто повеќе од пет месеци. Пред тоа беше советник на премиерот Христијан Мицкоски, а е и брат на Васко Наумовски, поранешен потпретседател на Владата од ВМРО-ДПМНЕ и амбасадор во Вашингтон. Опозицијата уште при неговиот избор го критикуваше како политички мотивиран – и сега, петте месеци подоцна, тврдењето добива непријатна тежина.
Со неговото заминување, Уставниот суд останува со седум наместо со деветте потребни судии. А тоа не е само бројка – тоа значи дека судот тешко ќе собере мнозинство од пет судии потребно за обврзувачки одлуки. Одлучувањето за изборните спорови и за платеното политичко рекламирање е одложено токму поради недоволен број судии.
Ова е втора оставка во краток период. Претходно се повлече и професорката Јадранка Дабовиќ, по помалку од две години на функцијата. Два професори од правната фела што ги напуштаат клупите на највисокиот суд во земјата за неполна година – тоа не е случајност, тоа е шема.
Според пријавата до Државната комисија за спречување корупција, Наумовски пријавил имот во Кисела Вода и во Лисец, и едно возило. Официјално објаснување за оставката нема; неофицијално се споменуваат „професионални и лични причини“. Но додека судијата ги пакува работите, институцијата што треба да ја чува уставноста останува парализирана. Кога највисокиот суд не може да собере мнозинство да одлучи, кој ја штити уставноста – и од кого?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Рускиот амбасадор Зиков: чекорот не е пријателски, Македонија презела сериозни антируски обврски. Додека Бугарија излегува, ние влегуваме - а Балканот...
Информативната табла на влезот на градот стои само на македонски и англиски. ДУИ бара оставка на директорот од Влен и...
Европската комисија предупредува за притисок врз судството и пад на довербата, премиерот го прогласи извештајот за најдобар досега. Четири од...
Претседателката бара дијалог во Собранието. Го рече тоа на телевизија. СДСМ одговори со соопштение. Ниту едно од двете не се...
Муцунски зборуваше за политички тероризам без придавка. Рубио додаде придавка. Разликата меѓу тие две реченици не е случајна.
Обете партии се обвинуваат за пропаганда. Ниту една не кажува што конкретно се договорило кај Вучиќ. Поентата е кој прв...
Власта жали за европските милиони, но молчи дека најголемите партии повторно ќе поделат 10 милиони евра јавни пари за политички...
Четири услови, ниту едно решение. Секој со своја црвена линија, секој спремен да го сруши договорот - додека Брисел брои...
Доаѓа од самото срце на системот што сега ќе го води. Но вистинскиот тест не е во биографијата - туку...
Ако приведено лице може само да отвори прозорец и да излезе, каква е разликата меѓу полициска станица и отворена врата?...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе