Снимката ги најде за еден ден: двајца малолетници и 20-годишник осомничени за суровото тепање во Гостивар
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
03.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Apple за прв пат пушти самостоен ВИ-агент на својата платформа Messages for Business – и тоа не е некој од гигантите, туку стартап од десет луѓе по име Poke. Досега таа платформа служеше само за комуникација меѓу компании и клиенти – авиокомпании, продавници, хотелски синџири. Сега, за прв пат, во iMessage влегува ВИ-асистент на трета страна што директно зборува со корисникот.
Poke, лансиран во март, цели на обични луѓе што не сакаат да се мачат со сложени алатки и команди. Преку обична порака помага со планирање на денот, календар, следење на здравје и вежбање, управување со паметен дом и уредување фотографии. Компанијата тврди дека досега препратила околу 100 милиони пораки. Работи преку SMS, Telegram и WhatsApp на одделни пазари, а сега додава и iMessage.
Влезот не беше бесплатен во ниту една смисла. Apple побара доказ дека Poke може да обезбеди жива поддршка кога треба, и дека статусот на ВИ-агент му е јасен на корисникот во секој момент. „Ова траеше неколку месеци за да се исполнат сите стандарди, и ќе му трае на секој друг што сака да гради на ова”, признава Марвин фон Хаген, сооснователот на матичната компанија. Преведено: Apple ја крена бариерата доволно високо за да не може секој да влезе.
Тука е и парата. Poke плаќа на Apple по корисник – модел што фон Хаген го опишува како „значително поевтин од Meta AI”, по регулаторните промени во ЕУ што ги принудија ВИ-агентите на трети страни врз WhatsApp. „Нѐ наплаќаат по корисник на платформата и навистина заработуваат од тоа”, вели тој. Стартапот, поддржан од Spark Capital и General Catalyst, неодамна собра 10 милиони долари врз претходна рунда од 15 милиони, со проценета вредност од 300 милиони. Десет луѓе, триста милиони – математиката на ВИ-еуфоријата во една реченица.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Алекс Карп тврди дека компаниите што градат јазични модели ти ја префрлаат експертизата во својот модел за да ти го...
Норвешки истражувачи најдоа во апликации за смарт-телевизори код што ја претвора домашната линија во тунел за туѓ сообраќај. Кај LG...
Операторот што покрива 67 милиони потрошувачи призна дека нема струја за сите и однапред одлучи кој ќе остане на темно....
Продажбата не паѓа затоа што луѓето осиромашија, туку затоа што старите телефони престанаа да се расипуваат навреме. Одговорот на индустријата...
Опус 5 постави рекорд во тестот и прекрши 11 договори. Ниту еден од триковите не е нов - сите се...
Милијардите беа најавени со сцена и слогани. Повлекувањето се одвива тивко, во реченици со зборот усогласување.
Тим Кук во последниот квартален извештај најави дека посилната Siri ќе се купува преку iCloud+. Фирмата што плати 250 милиони...
Платформите што со години нè убедуваа дека автоматизираната содржина е иднината сега трпеливо градат филтри против неа. Одлуката не е...
Од 141.006 тест-извршувања, три завршиле во живите системи на вистински фирми. Најстариот модел сфатил дека целта е реална - и...
Најсилен јунски квартал во историјата, а акцијата падна за 6 отсто. Вештачката интелигенција испадна дека има тело од силициум -...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.