Skip to content

Витаминот Д не е само за коски: зошто индустријата не сака да знаете дека е поважен од тоа

1 мин. читање
Сподели
Витаминот Д не е само за коски: зошто индустријата не сака да знаете дека е поважен од тоа

Ја нарекуваат „витаминот за коски”, но тоа е најмалото што го прави. Витаминот Д всушност се однесува повеќе како хормон отколку како витамин – испраќа сигнали и регулира функции низ целото тело, велат лекарите. „Многу клетки имаат рецептори подготвени да реагираат на него”, објаснува д-р Аинара Ормазабал, интегративна лекарка и нутриционистка – што значи дека неговиот недостаток не удира само во скелетот.

Покрај апсорпцијата на калциум и фосфор, витаминот Д игра улога во имунитетот, контролата на воспаленијата, метаболизмот и нервниот систем. За луѓе со автоимуни или воспалителни состојби, доволните нивоа помагаат за побалансиран имун одговор – но само заедно со добра исхрана, сон, движење и управување со стресот. „Мозокот, имуниот систем, метаболизмот и циркадијалните ритми се тесно поврзани”, вели лекарката.

Најголемиот извор не е во чинијата – 80 до 90 проценти од витаминот Д телото го создава од сонце, а само 10 до 20 проценти доаѓа од храна. Затоа советот не е ниту да се криеш од сонце ниту да се пржиш на него, туку „поинтелигентен однос” со светлината: редовна, умерена изложеност без изгореници. Од храна, помагаат масните риби (сардини, лосос, скуша), жолчка од јајце, црн дроб и полномасни млечни производи – а бидејќи витаминот е растворлив во масти, потребно е и доволно маснотии за да се апсорбира.

Тука доаѓа и предупредувањето што индустријата за додатоци не го рекламира гласно: витаминот Д не е чудо во шише. Земањето високи дози без претходно мерење може да се натрупа и да предизвика дисбаланс на калциум во крвта. „Не е чудотворен витамин ниту гаранција за долговечност сам по себе”, вели Ормазабал, „но одржувањето доволни нивоа е основна алатка за добро здравје на долг рок.” Со други зборови – измери, па дополнувај, не обратно.