Skip to content

Ѓорѓиевски го врати сјајот на фонтаните: полесно е да се пушти фонтана отколку да се исчисти небото

1 мин. читање
Сподели
Ѓорѓиевски го врати сјајот на фонтаните: полесно е да се пушти фонтана отколку да се исчисти небото

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека „го вратил сјајот на фонтаните во Скопје” – фонтаните што долго време не работеа, повторно се пуштени во погон, со видео и соопштение како што доликува на секоја општинска фотосесија.

Никој не е против фонтани што работат. Но кога функционирањето на нешто што и онака би требало да работи се продава како достигнување, вреди да се запраша – колку всушност чинеше тоа враќање на сјајот, и зошто фонтаните воопшто беа изгаснати толку долго? Одржувањето на градската инфраструктура не е подарок од градоначалникот кон граѓаните; тоа е работата за која е платен.

Скопје има многу поголеми проблеми од згаснати фонтани – загаден воздух, дотраена водоводна мрежа, јавен превоз што се распаѓа на лето. Фонтаните се убави и фотогенични, и токму затоа се идеална тема за соопштение. Полесно е да се пушти фонтана отколку да се исчисти небото. Дали наредната пофалба ќе биде за нешто што навистина го менува секојдневието, или повторно за она што најдобро изгледа на фотографија?