АЛТА БАНКА: ЖРТВА ИЛИ РАЗУМНА ОДЛУКА
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
30.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
30.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
30.10.2026
29.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
31.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога во Битола само тројца ученици се запишаа во земјоделско училиште, проблемот не остана само локален – стигна до министерката за образование. Весна Јаневска порача дека со ангажман на наставниците учениците можат да се задржат на соодветните образовни насоки, но истовремено јасно кажа дека законот мора да се почитува: „Не можеме да дозволиме да постои паралелка со тројца ученици.”
Министерката нагласи дека нејзините зборови не се критика кон наставниците, туку барање за акција. „Кога велам дека наставниците треба да покажат ангажман, не ги критикувам, туку ги молам да направат нешто за да ги задржат нашите деца на вистинските места”, рече Јаневска. Според неа, потребна е директна комуникација со учениците што завршуваат основно – да им се објасни што е земјоделството, што ќе учат и какви се можностите за вработување.
Сликата има поширока димензија. Пелагонија е едно од упориштата на македонското земјоделство и ѝ требаат млади за развој, истакна министерката, повикувајќи се на примери на училишта што од најниско рангирани станале препознатливи благодарение на посветеноста на наставниците. Идејата е јасна – младите да разберат како со знаење можат да го модернизираат земјоделството.
Сепак, тука се судираат две вистини. Едната е дека наставник може да инспирира; другата е дека ниту еден наставник не може сам да поправи струка што со години се распаѓа поради ниски плати, неизвесност и отселување. Ако земјоделската паралелка во Битола има само тројца ученици, прашањето не е дали наставниците доволно се трудат – туку зошто едно дете воопшто би избрало иднина во струка што самата држава со децении ја запоставува. Ако не се запише никој, паралелката следната година се сели во регионалниот центар. А со неа се сели и уште едно парче иднина од градот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Војната заврши пред 108 години, а Битола сè уште ја откопува: еден пиротехничар, тројца пензионери на договор на дело и...
Договор од 48,8 милиони денари и нов рок од една година. Прашањето кој го асфалтираше патот и кој го прими...
Мрежа од 4,5 километри, приклучоци за сите домаќинства и фотографија со премиерот. Рокот го немаше во соопштенијата.
Двајца градоначалници, црвена лента и збор „мега“. Просторот навистина е спасен од бетонот. Само бројката што ја нема е колку...
Линиите се „нерентабилни“, цените се „максимални“, а територијата „останува покриена“. Патниците ќе видат што значи тоа на првата станица.
Дрвената конструкција под Стив беше толку руинирана што мораше да се забрани. Сега материјалот го носат коњи, а рок и...
Советот на Охрид изгласа поскапа вода до 2029 година и поскапи услуги на „Нискоградба“. Од претпријатијата велат дека е минимално,...
Градоначалникот Камчев набројува проекти, повеќето платени со државни пари и унгарскиот кредит. Колку од долгот на „Комунален сервис“ е вратен,...
Нацрт-закон, седум подзаконски акти и национални планови до 2037 година. Звучи сериозно - но и министерот и евроамбасадорот велат дека...
Општина Центар го менува пилот-проектот по разговорите со МВР и чека потврда. Идејата за пешачко маало е добра - темпото...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.