Двајца млади тврдат дека полицајци ги тепале врзани: истрагата ја води самото МВР
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
10.10.2026
09.10.2026
09.10.2026
08.10.2026
07.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска има совет за граѓаните: да бидат свесни за неизвесноста во светската економија и да штедат. Државата во исто време има план за нивните заштеди. До крајот на 2026 година ќе издаде нова граѓанска обврзница – граѓаните ќе ѝ позајмат пари на државата и ќе добијат камата. Колку пари бара, со која камата и на кој рок, министерката засега не кажа.
До крајот на годината државата ќе се финансира на домашниот пазар, со државни хартии од вредност и рефинансирање на долговите што доспеваат. Во 2027 следува ново задолжување во странство, пред сè за отплата на еврообврзницата од 2023 година – 500 милиони евра, издадени со камата од 6,96 проценти. Една од опциите е новиот долг да се подели во две емисии.
Наместо 250, само 150 милиони – поради високите камати
Пред неколку дена Македонија се задолжи на меѓународниот пазар со 150 милиони евра, наместо со предвидените 250 милиони. Причината, според министерката, е цената: француските обврзници тргуваат над 5,4 проценти, британските над 6 проценти. „Состојбата е надвор од она што претходно беше“, рече таа. Во јануари државата веќе позајми една милијарда евра преку еврообврзница, во две транши од по 500 милиони, со камати од 3,875 и 4,75 проценти.
Истовремено, Владата усвои втор ребаланс на буџетот за 2026 – втор за една година. Приходите и расходите се намалуваат за по околу 5,3 милијарди денари, но дефицитот останува 46,3 милијарди денари, или 4,1 процент од БДП. Најголем дел од кратењето паѓа на капиталните инвестиции – 5,7 милијарди денари, најмногу кај министерствата за енергетика и за животна средина. Како пример министерката посочи неуспешен тендер во Управата за извршување санкции, за кој биле предвидени повеќе од 200 милиони денари.
Каматите растат побрзо од долгот
Тука е бројката што треба да ја знае секој што ќе купи обврзница. Јавниот долг на крајот на вториот квартал изнесуваше 58,8 проценти од БДП, околу 10,7 милијарди евра. Според Стратегијата за управување со јавниот долг, тој ќе биде 61,5 проценти на крајот од 2026 и 61,8 проценти во 2027 – над прагот од 60 проценти. За камати во 2027 се предвидени 24,4 милијарди денари, приближно 397 милиони евра. Таа година за капитални инвестиции се планирани околу 43,6 милијарди денари. Значи, само каматите ќе изнесуваат повеќе од половина од она што државата планира да го вложи во капитални инвестиции.
Според пресметка на економски аналитичар, каматните плаќања од 2022 до 2026 пораснале за над 110 проценти, а самиот долг за околу 40 проценти. Државата позајмува сè поскапо, а инвестициите се одложуваат. Да се штеди, значи, е добар совет. Прашањето е само дали важи и за оној што го дава.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерството пресмета 58.475 денари месечно за четиричлено семејство. Синдикатите велат дека и со таа бројка, на семејство со две минимални...
„Проекс Интернационал“ го презеде синџирот што 30 години го градеше семејството Тодоровиќ. Цената не се спомнува, ветувањата се многу.
Додека индустријата им ги дава на ВИ-агентите клучевите од компјутерите, еден тест-модел сам пополнил полициски формулар за нерасчистено убиство. Полицијата...
Потпишани договори за половина милион долари, пазар проценет на дваесет милијарди и робот со клешта наместо вшмукување. Шкотскиот стартап продава...
Човекот што пред две години најавуваше социјална мрежа со вештачка интелигенција сега токму неа ја обвинува дека го раствора она...
Со пониските акцизи приходите се намалија, а дефицитот остана ист - па ножот падна врз инвестициите. Животната средина губи 1,5...
Николоски вели дека виновник не е план против балканските превозници, туку бавната европска бирократија. Решение има - но различно за...
Николоски брои над 10.000 возила дневно кон и од Косово и ветува помалку загадување. Но линијата чека туѓ тунел, а...
Барелот поскапе 3,7 отсто за едно утро, европските берзи паднаа, а златото е над 4.100 долари. Пазарите гледаат во Хормузскиот...
Компанија вредна трилиони долари сега е обвинета за измама со зелени карти. Венс ѝ порача да вработува Американци, а странските...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.