Мицкоски слави 4 спрема 1 против СДСМ во Брвеница, но неговиот кандидат освои 445 гласа помалку од пред една година
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
19.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Дипломат се јавува во хотел во Лондон и бара да го поврзат со кралот. Телефонистката прашува: со кој од нив? Анегдотата се раскажува за Claridge’s (Клариџис) во лондонскиот кварт Мејфер, хотелот што го викаат „анекс на Бакингамската палата“. Прекарот не е претеран.
Угледот почнал во 19 век, кога монарси соборени од престолот со европските револуции наоѓале прибежиште токму тука. Првата верзија на хотелот е отворена во 1812 година, а историчарот Мартин Вилијамс, со помош на архиварката Кејт Хадсон, ја напишал неговата историја, пребарувајќи библиотеки, писма и книги. Се изненадил што пред него никој не го сторил тоа.
Балканот има свое поглавје во таа приказна. Во 1945 година, во еден од апартманите на Клариџис е роден Александар Караѓорѓевиќ, синот на последниот југословенски крал Петар Втори. Според легендата, британската влада апартманот за тој ден го прогласила за југословенска територија, за наследникот да се роди на своја земја. Кралството потоа исчезна, а хотелот остана.
Во ноември 1947 година, кога принцезата Елизабета се омажи за поручникот Филип Маунтбатен во Вестминстерската опатија пред околу 2.000 гости, меѓу кои мноштво кралеви, кралици, принцови и принцези, Клариџис беше центарот на кралскиот социјален живот таа недела. Подоцна, веќе како кралица, Елизабета Втора тука се сретна со војвотката од Виндзор за прв пат по речиси 30 години – дискретно, низ странична врата, додека војводата се опоравувал од лекување. Вилијамс вели дека односот со чичкото и стрината никогаш не станал особено близок, но гестот покажал дека помирување сепак имало.
Кралицата Мајка била, според Вилијамс, најверната пријателка на хотелот. Тука, по вечера и танц, на третиот обид, ја прифатила понудата за брак од војводата од Јорк. Кога во 1998 година, за ручекот по повод стогодишнината на хотелот, готвачот во нејзината резиденција Кларенс Хаус не успевал да ја повтори салатата од рак и јастог, Клариџис ѝ го испратил рецептот.
Хотелот има место и во приказната за најпознатата венчаница на 20 век. Дизајнерите Дејвид и Елизабет Емануел ја работеле венчаницата на Лејди Дајана Спенсер веднаш до хотелот. Откако Дајана заминала на меден месец, кралицата присуствувала на забава во балската сала, што ја приредила нејзината братучетка Лејди Елизабет Шејкерли. На списокот гости: речиси целото кралско семејство, „шест кралеви, осум кралици“, безброј принцови и принцези, десетици благородници, неколку амбасадори и еден махараџа.
Холивуд не заостанувал. Средбата на Одри Хепберн со режисерот Вилијам Вајлер, клучна за „Римски празник“, се случила во Клариџис. Аферата на Марлен Дитрих со Даглас Фербенкс Помладиот била забележана токму за време на нејзиниот престој. „Се однесуваше прилично лошо“, вели Хадсон – и додава дека токму тоа го сака кај неа.
Кејт Мос дел од прославата на својот 30-ти роденден во 2004 година го одржа тука, со тема од романот „Убавите и проклетите“ на Скот Фицџералд, во арт-деко амбиентот на хотелот, со коктели и шампањ Cristal. Се преоблече во фустан што, наводно, Брит Екланд го носела на премиерата на „Човекот со златниот пиштол“ во 1974 година. По забавата кај уметницата Сем Тејлор-Вуд, се вратила во хотелот со Наоми Кембел, Трејси Емин, Грејс Џонс и Гвинет Палтроу и, според гласините, ја пеела „Summertime“ од Гершвин додека Џулс Холанд свирел на пијано. Вработените што биле таму сè уште работат во хотелот – и молчат.
Најсилната слика, сепак, е од 1940 година. Американската драмска писателка Клер Бут Лус ручала во ресторанот на денот кога заврши евакуацијата од Денкерк. Вилијамс опишува офицери што пристигнуваат директно од плажите, покриени со сол, песок и пот, додека покрај нив елегантни дами ручаат. Војната и салонот во една сала, на неколку метри растојание.
Хотел што пречекувал соборени монарси и во кој се раѓале наследници во егзил ја кажува простата вистина за моќта: титулата може да се изгуби, а адресата останува.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Алпско езеро без бетон на брегот, замок од 15 век што глумел во филмовите за Сиси и регион што од...
Филмот беше свиркан во Кан, а сега има изложба во палатата каде што кралицата бегала од протоколот. Водич низ Версај...
Во Марке семејствата купувале ложи во театарот и ги оставале во наследство како нива или стан. Сега десет такви сали...
Под градот на Робин Худ има цел подземен свет - пештери што служеле за визби, работилници и засолништа од бомби....
Некогаш трет по големина град во Унгарското Кралство, денес околу 9.200 жители, рударски ходници под куќите и роден град на...
Градот на границата на четири шпански региони ја повтори кралската свадба од 1170, кога младоженецот имал 14, а невестата околу...
Пред Малума и Шакира вечерва во Мадрид за прв пат да ја испеат „Agua“, патуваме во градот што Малума го...
Изградена околу 1670 година, проширена по земјотресот што го урна Лисабон, а потомците на маркизите сè уште живеат во неа....
Стокхолм не е само Гамла Стан. Васастан е станбената населба каде Шведаните живеат, пијат фика и шетаат по паркови -...
Едниот го изградиле тевтонските витези, другиот повеќе од век живеел под Прусија. Меѓу нив - еден час со автомобил и...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.