Skip to content

Anthropic ги изнајмува серверите на xAI: Маск тивко признава дека Grok не е она што го продаваше

1 мин. читање
Сподели

xAI и Anthropic објавија „голем партнерски договор” – Anthropic ќе ја закупи целата компјутерска моќ од дата центарот Colossus 1 во Тенеси. На прв поглед ѕвезден потез. На втор – тивко признание дека xAI веќе не е тоа што се преставуваше.

Компанијата на Елон Маск беше продадена за 250 милијарди долари на SpaceX и наскоро се распушта како посебна организација – се ребрендира во SpaceXAI. Сите коосновачи освен Маск си заминаа. Внатрешните извештаи покажаа дека самите вработени на xAI не го користат Grok за работа. И сега – наместо да тренира фронтиер модели, компанијата изнајмува GPU-и на конкурентот.

„Овој потег ѝ обезбедува на xAI приход”, признаваат аналитичарите, „но истовремено покажува дека таму повеќе не се случува сериозен тренинг на AI модели”. Тешко е тимот да го продадеш како „иновативен” кога главната работа е изнајмување хардвер на Anthropic – кој инаку е директен конкурент на Grok.

Тајмингот не е случаен. SpaceX се подготвува за IPO, а Маск треба наратив. Позиционирање како „необлачник” – компанија што нуди инфраструктура – е попрактично и поверодостојно во краток рок. Но за инвеститорите што бараат „следниот OpenAI”, тоа е разочарување. Не е иста приказна продавање графички картички на туѓиот тим, и градење сопствено јадро на вештачка интелигенција.

Во меѓувреме, Colossus 1 веќе има еколошка тужба заради своето работење. Тенеси не сака уште една зјапна дупка во електричната мрежа. Прашањето е дали инвеститорите ќе го видат тоа што аналитичарите веќе го гледаат: дека продажбата на компјутерска моќ не е истото што и моќ.